- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Остатоци од напуштено јеменско-еврејско село

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јемен, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Туризам, Уметност и култура, Фотографија

Јеменската блогерка Роој Алвазир (@Rooj129 [1]) објавува неверојатни фотографии од нејзиното патување до напуштено еврејско село, Беит Баус, качено на карпеста планина кое е на 15 минути од Сана.

Во слајдшоу [2], Алвазир покажува сегменти од нејзината екскурзија.

Собрани заедно во бело комбе, четиринаесет од нас решивме да заминеме на патување и да го посетиме напуштеното еврејско село, Беит Баус, кое е сместено на карпеста планина 15 минути од Сана.

Еве две од фотографиите што таа ги сподели:

Beit Baws - Perched on the Mountains [2]

Беит Баус – Качено на планините. Фотографија на Роој Алвазир

Homes chiseled into the mountain side in Beit Baws [2]

Домови издлабени во планината во Беит Баус. Фотографија на Роој Алвазир

Многу јеменски Евреи мигрирале во Израел за време на „Операција магичен тепих [3]“ во доцните 40ти, првите години од постоењето на еврејската држава. Некои одбраа да останат во Јемен, но нивниот број за жал се намалува и многумина се иселуваат од државата заради закани од радикалните исламисти. Јеменско-еврејската заедница ја зачува својата култура најмногу во северниот дел на Јемен и добро се познати по нивното занаетчиство и сe најдобри кујунџии.

Ова видео дава слика на нивниот живот во Јемен, а песните во видеото се од познатата пејачка Офра Хаза [4] која има јеменско-еврејско потекло.