Русија: Пресуда за вина на Pussy Riot

Рускиот и англискиот твитер свет реагираше на пресудата за вина и затворската казна на две години за членовите на Pussy Riot, Надежда Толоконикова, Марија Аљокина и Јекатерина Самучевич, донесена на 17 август, 2012 година.

Трите млади девојки беа уапсени минатиот март по февруарскиот настап во катедралата Исус Христос Спасителот во Москва, пред Владимир Путин да победи на претседателските избори за кои постоеше сомневање за изборна измама.

Русинките од Pussy Riot прогласени за виновни, Москва, 17 август 2012, од Mарија Плешковa, авторски права © Demotix.

Сцената

На судијата му беа потребни повеќе часа за целосно да ја прочита пресудата, пред објавувањето на казната од две години. Обвинителството побара до седумгодишна затворска казна за младите жени од кои две се мајки на мали деца.

Новинарката и поранешен шеф на московското биро на Њујорк Тајмс, Глен Кејтс твитна:

@gkates: Прекрасни фотографии на @hegtor од #pussyriot пред почетокот на неверојатно долгото читање на пресудата. http://www.facebook.com/photo.php?fbid=450091

Специјалистот во руска политика, Франческа Мереу твитна:

‏@francescamereu: Театар на апсурдот: три убави млади жени заврзани со лисици како криминалци; судијата чита неубави зборови #freepussyriot

Радио Слобода твитна линк кој води до статија која  ја истакнува глобалната свест околу судењето:

@SvobodaRadio: Полсотни городов мира – для Pussy Riot http://goo.gl/nVivO

@SvobodaRadio: 50 градови од светот – за Pussy Riot http://t.co/WBJHlpWb

Прогласувањето на пресудата

Блогерот и активист Aлексеј Навални извести дека музиката за време на читањето на пресудата доаѓала од надвор, но можела да се слушне во судницата. Корисници на Твитер забележале дека трите обвинети почнале да се смешкаат.

@navalny: В зале заиграла песня PR. С улицы, но очень громко.

@navalny: Во судницата, слушнавме [песна од] Pussy Riot. Однадвор, но многу гласно.

Еден профил на Твитер, претставник на англофонскиот блог „Ослободете ги Pussy Riot“ додаде на својот извештај од сослушувањето една забелешка во врска со музиката:

@Eng_Pussy_Riot: Во судницата се слуша песна од  #PussyRiot. Од улица, но многу гласно. #Freepussyriot

Прашања за менталното здравје

Дописничката на Гардијан во Москва, Mирјам Елдер, известуваше директно за време на читањето на пресудата:

@MiriamElder: Во моментов се зборува за менталното здравје на овие жени. Веќе 3 часа.

Денис Парфенов даде реплика за менталното здравје на обвинетите:

@parfenov_: Госпоѓо судија на #pussyriot: „Не претставува прашање во врска со здравјето да се биде добро прилагоден на едно длабоко болно општество.“ ~ Кришнамурти @MiriamElder

Други корисници на Твитер дадоа детали од констатацијата на судијата за менталното здравје, истакнувајќи ги недоследностите:

‏@ioffeinmoscow: Психолошката евалуација наведува дека Толоконикова пати од „делумно нарушување на личноста“ затоа што „донесува одлуки засновани на личното искуство“.

Читање на казната

@TelenL: Толоконниковой – 2 года, Самуцевич – 2 года, Алехина – 2 года. #Хамсуд.

@TelenL: Толоникова – 2 години, Самучевич – 2 години, Аљокина – 2 години. #казна

Некои микроблогери потсетија на изјава на претседателот Путин на #ЛОИ Лондон 2012, кога изрази надеж дека младите жени нема да бидат „казнети премногу строго“.

‏@RusPoliceWatch: Така, не премногу строгото казнување на Путин доведе до две години затворска казна на #PussyRiot

Други корисници на Твитер се запрашаа за историското значење на судењето:

@ioffeinmoscow: Судијата кажа дека еден од мотивите за „осуда“ е да се „предупредат другите.“ Сега знаеме како. #PussyRiot

@ForeignPolicy: Pussy Riot: Веќе политички највлијателната панк рок група од било кога

http://bit.ly/MVh8DL

Од Висконсин, Јакоб Турк сакаше да ги потсети неговите читатели дека членовите на Pussy Riot не се единствените Руси кои се гонети заради нивниот политички активизам.

  ‏@randomdijit: Сите „гости“ на Путин не се фотогенични млади жени. А некои добиваат казна од повеќе од две години rferl.org/content/russ … @RFERL

За крај, американски иселеник кој живее во Русија, Тимоти Пост, забележа дека должината на казната значи дека Pussy Riot може да предизвикаат нови контроверзии на Олимписките игри во 2014 во Сочи:

@timothypost: Тоа значи дека #PussyRiot се уште ќе бидат во затвор за време на зимските Олимписки игри во #Сочи2014. НИКОЈ од тимот на Путин не ги разбира модерните односи со јавноста?!?!!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.