- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Новогодишна елка од пластични шишиња

Категории: Источна и Централна Европа, Литванија, Македонија, Граѓански медиуми, Животна средина

Инспирани од примерот [1] (анг.) на литванскиот град Каунас [2], на 25 декември во Градскиот парк во Скопје група македонски твитерџии [3] направи новогодишна елка од пластични шишиња [4], со цел да ја „подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме“. Организаторите на акцијата ги користеа нивните блогови (1 [5], 2 [6], 3 [7], 4 [8]) како почетна точка за брзата кампања преку социјални медиуми #елкамк [9]. Дрвото остана да стои и во текот на ноќта [10], а ако сиромасите кои собираат пластика за рециклирање од улиците и конејнерите за ѓубре не го пожнеат, авторите планираат [11] соодветно да го отстранат по Нова година.