Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Грција: Доживотна робија за полицаецот кој уби тинејџер и ги предизвика нередите од 2008.

Во декември 2008 г. убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос од страна на грчката полиција предизвика тримесечни нереди и протести (анг.) во неколку градови низ Грција, полни со бес против растечката полициска бруталност, надополнета со неказнувањето на злоупотреба на службена должност, неспособноста и корупцијата во грчкиот политички систем, полн со скандали кои ја забрзаа финансиската криза. Најнакрај, по две години измачувачки разгледувања, на 11 октомври 2010 г. судот донесе пресуда (на англиски).

Полицаецот кој пукаше во Григоропулос, Епаминондас Корконеас, беше прогласен виновен за убиство и осуден на доживотна робија. Уште еден полицаец, Василиос Саралиотис, беше прогласен за виновен како соучесник и осуден на 10 години затвор.

Први реакции на Твитер

Корисниците на Твитер кои ја очекуваа пресудата реагираа на објавата со мрачно олеснување и претпазливост. Со декемвриските нереди, Твитер за прв пат беше користен од стотици луѓе во Грција за известување за тековна приказна, а дури беше следен и цитиран од меѓународни медиуми (анг.). Тоа дури придонесе овој бунт да добие „прекар“ од хаштагот #griots (скратено од грчки нереди), којшто одекнуваше при покрувањето на социјалните медиуми и пошироко.

Довербата на јавноста во грчкиот правен систем е на најниско ниво во историјата, по децениско неказнување на политички скандали и инциденти на полициска бруталност. . Сопственикот на веб-радио Апостолис Капародакис ја објави важноста на пресудата преку Твитер:

πιθανά ιστορική ημέρα για τη χώρα (αναμένοντας να καταδικαστεί για πρώτη φορά σε ισόβια ένστολος δολοφόνος …)

веројатно историски ден за земјата (чекајќи ја првата пресуда на доживотна робија за униформиран убиец…)

Граѓанскиот фоторепортер Крег Верлок, кој ги покриваше декемвриските нереди во Солун со денови, повторно извести од улиците:

На пат кон центарот забележав дека многу распоредени специјалци, кога сфатив дека денес треба да биде објавена пресудата во случајот на Григоропулос.

Реакциите по пресудата беа резервирани. Блогерот еликас, кој вели дека емигрирал од Грција поради одвратноста заради ситуацијата во земјата, почувствува трошка надеж:

Доживотна робија за грчкиот полицаец кој уби тинејџер, што предизвика нереди пред 2 години. Сепак има малку правда во таа земја, после сè…

Антидрасекс ја пофали „слепата дама“ и замоли,

Αγαπητή Δικαιοσύνη, σήμερα έδειξες ότι μπορείς να λειτουργήσεις. Εύχομαι να επεκταθείς και σε άλλες περιπτώσεις, καθώς και στην έφεση.

Драга Правда, денес покажа дека можеш да функционираш. Се надевам ќе го сториш тоа и во други случаи, како и во врска со обжалувањето на пресудата

…додека Сајберела, размислувајќи за хроничните одложувања во грчкиот судски систем (анг.), ја надополни оваа молба,

και να πάρεις πιο γρήγορα τις αποφάσεις σου αγαπητή δικαιοσύνη. 2 χρόνια μετά τη δολοφονία του παιδιού.

…и биди побрза при разгледувањето, драга Правда. 2 години минаа од убиството на детето

Сајберела исто така ја спореди пресудата со онаа од сличен случај на убиство на младинец од полицаец пред 25 години:

Το παρανοϊκό σύστημα δικαιοσύνης… ο Κορκονέας ισόβια, ο Μελίστας 2,5 χρόνια για το ίδιο έγκλημα http://tinyurl.com/58aa9d

Каков луд правен систем… Корконеас доби доживотна робија, а Мелистас 2,5 години за ист злостор

…на што сатиричниот блогер Питсирикос одговори иронично,

Την εποχή του Μελίστα δεν είχε διαδίκτυο και μπλογκ. Την εποχή του Κορκονέα έχει. Αυτή ήταν η ατυχία του.

Во времето на Мелистас немаше веб и блогови. Но ги има во времето на Корконеас. Во тоа е неговата несреќа

Елентелон, гласен застапник за строга пресуда во случајот на Григоропулос, напиша за исходот:

Και μετά την καταδίκη Κορκονέα που βρισκόμαστε? Η αστυνομοκρατία στην Αθήνα έχει θεριέψει και ο επόμενος Γρηγορόπουλος είναι στη γωνία!

А каде сме по осудата на Корконеас? Полициската држава во Атина е подивена и следниот Григоропулос е зад аголот

Блогоерите се придружуваат

Блогот Џангл репорт ги истакна паралелите со случајот на Мелистас и предупреди (на грчки) дека пресудата не е конечна:

αν η υπόθεση συνεχίσει από το Εφετείο στον Άρειο Πάγο, δεν θα υπάρχει το λαϊκό έρεισμα αλλά μία ζύγιση μέσα σε αυστηρά καθορισμένο νομικό πλαίσιο. [..] Σε πρωτόδικο βαθμό [ο Μελίστας] καταδικάστηκε σε 2,5(!) χρόνια αλλά απαλλάχτηκε στο δεύτερο βαθμό. Έτσι λοιπόν, το να πανηγυρίζουμε για μια ποινή που πιθανό είναι να ανατραπεί δεν είναι κάτι που μπορεί να ικανοποιεί παρά μόνο βραχυπρόθεσμα.

Ако случајот помине низ Апелација до Врховниот Суд, јавното мислење нема да биде фактор, но прашањето ќе биде разгледано во строго правна околина. Мелистас беше осуден на 2,5 години затвор, но беше ослободен од обвиненијата по обжалувањето на пресудата. Затоа, уште не е време да ја прославуваме пресудата која може да биде поништена.

Блогерот и графички дизајнер Аркудос со горчина го коментираше недостатокот на правда во скорешниот случај на случајниот минувач имигрант убиен од полицијата при грабеж на банка, со уште една насловна страница за неговиот квази-магазин, „Гледна точка“:

Превод: Неопходна состојка – единствената разлика помеѓу задоволувањето и неправдата е дали ни е гајле

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.