- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Фотографија ги доловува маките на 58 милиони „оставени деца“

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Миграција и имиграција, Младина, Образование, Човекови права

Минатиот месец во Кина, една фотографија на која мало девојче го носи својот помал брат во училницата, предизвика вознемирување он-лајн. Фотографијата го рефлектира долготрајните социјални проблеми на децата, кои се оставени од нивните родители во руралните села.

Дискусијата беше хармонизирана на он-лајн платформите како што се Сина, Баиду и Соху, а клучните зборови „Малото братче сака да спие“ (弟弟要睡了) беа исфилтрирани и постанаа непребарувачки од 7 ноември 2011 година, бидејќи дискусијата постана се повеќе политичка. Се проценува дека бројот на „оставени деца“  во Кина е околу 58 милиони.

Малото братче сака да спие

Името на 10-годишното девојче на сликата [1] е Лонг Жангуанг, а нејзиното 2-годишно братче се вика Чанг Јунџи. Нивните родители се рурални мигрантски работници, кои работат во градот, додека децата живеат кај нивните баба и дедо. Училницата се наоѓа во едно село во областа Фенгуанг, т.е провинцијата Хунан.

Kleiner Bruder will schlafen; Foto ist als Gemeingut verfügbar. [1]

„Малото братче сака да спие“. Фотографија од корисникот на Сина Веибо, Миан Ку, исто така достапна во јавниот домен.

Блогерот Шиченке го објаснува [2] социјалниот и политички контекст на сликата:

《弟弟要睡了》是缩影、是隐喻,也是叩问。在不经意间,它展示了不少农村空心化甚至荒漠化的冷酷现实。农村空心化的背后,存在诸多体制性难题,比如户籍困局,再比如社会保障不完善。

„Малото братче сака да спие“ е една минијатура, метафора, и испрашување. Ја претставува грубата реалност на руралните села, кои страдаат од дегенерација која е предизвикана од системот на регистрација домаќинствата и недостатокот на социјална сигурност.

Медиумскиот коментатор Јанлонг ја образложува [3] потребата од реформи во социјалната заштита:

农村留守的“弟弟”,显然不只有“睡觉”的权利。但是,社会保障的触角,并没有伸向社会的每个角落,于是属于儿童的福利,很多就成了纸上的描述。尤其在贫困的农村,所谓儿童的福利,直接与家庭个体的经济状况相挂钩。这种情形下,即使农村不出现空心化,疲于奔命的父母也未必能够有足够的时间照顾孩子,姐姐带弟弟上学的悲酸一幕依然不可避免。

之于女童的爷爷奶奶,同样有诸多缺失的权利可以观照。比如老有所养的权利。与城市职工不同的是,农村老年人没有“退休年龄”,归根结底,是薄弱甚至于空白的社会保障,让这个群体没有能力放下耕作而颐养天年。一定程度上,“幼无所依,老无所养”的农村,才是《弟弟要睡了》这张照片所传递出的最催人泪腺的问题。

Темата за дебата, секако не е правото за спиење. Нашиот систем на социјална грижа не ги достигна обичните луѓе. Згрижувањето на децата дојде во прашање, особено во руралните села. Бенефициите кои децата ги имаат, целосно зависат од семејниот приход. Дури и ако дегенерацијата во едно село не се случила, сепак родителите немаат време да се грижат за своите деца; слични вакви приказни  [како што е приказната прикажана на фотографијата] се неизбежни.

Бабата и дедото на малото девојче се исто така лишени од правото да уживаат во нивниот пензионерски живот. За разлика од нивните градски врсници, старите луѓе од селата поради недостатокот од згрижување немаат утврдена граница за пензионирање. Тие треба да продолжат да ја обработуваат нивната земја на длабока старост . „Децата немаат никој на кого можат да се потпрат, а постарите немаат никој кој би можел да ги нахрани“ – тоа е жалната порака на фотографијата.

58 милиони  “оставени децаr”

За да се проследи понатаму оваа приказна, КјуКју Нјуз испрати филмски тим во селото и создаде трогателен документарец [4] (со англиски преводи).

Документарниот филм содржи повеќе од 5.200 коментари. Подолу е превод на некои од попопуларните:

黑暗幽灵 社会总是在关注着留守儿童,把责任归于父母,可社会看到了没,那些家庭处于什么样的收入水平,不出去能有钱养活整个家庭吗,能供得起孩子上学吗,社会一直在那呼吁呼吁,也就那么点能耐了,不干实事·····

Темен дух: Општеството исто така покажува загриженост за оставените деца и ги обвинува родителите. Но, дали општеството го гледа нивото на приходи во тие семејства? Дали можат да ја издржуваат фамилијата и образованието на децата без да одат да работат во градовите? Општеството бара згрижување, но никој не дава конструктивни предлози.

顽石 大批农民工为城市的建设,为经济的发展,为生活所迫。由于政策的滞后,由于管理的缺失,由于有些官员人行的泯灭,使得大批儿童不能跟随父母到工作的地方一起上学。我们那些政府官员们他们的子女肯定不会有这样的问题,他们该好好的反思了

Тврдоглав камен: Голем број на рурални мигрантски работници, придонесоа за градењето на градовите и нивниот економски развој, со цел да заработат за живот. Но, како резултат на грешките во владината политика и градското менаџирање со официјалните одлуки, децата не можат да ги следат нивните родители и да се едуцираат во градовите. Нашите владини службеници никогаш повеќе нема да се соочат со вакви проблеми и треба подобро да размислат во врска со тоа.

芝麻湖 不要责怪进城打工的父母,他们只不过为了能很基本的活着,同时给孩子更好的未来。谁也不想背井离乡,谁也不想在外漂泊,没有好的农村政策和农业扶持措施,在这个放弃了发展农业的国度,小康基本生活需求则没法实现。高物价,高房价让很多人连气都喘不上,更别谈好好地在农村活着。当孩子在贫困中生活,首先就要怪责国家,然后就是省级和地方政府。不要强词夺理说需要帮助的人太多,高昂的税收不用来给有需要的人民,那要拿来做什么?不要忘了,中国是一个税收极其高的国家,孩子们的生活本来应该更好的,和爸爸妈妈在一起。

Кал од сусам: Не ги обвинувајте родителите, тие се обидуваат да го направат најдоброто, за да можат да заработат и да ги обезбедат децата. Тие не сакаат да го напуштат нивниот дом и да мигрираат. Но, без добри политики за руралните средини и поддршка на земјоделството, не е возможно да има животна егзистенција во селата. Луѓето не можат да здивнат поради инфлацијата и високите цени на имотите, па животот во руралните средини станува се потежок и потежок. За тоа што децата живеат во сиромаштија, треба да се обвини Владата. Провинциските и локалните Влади исто така мораат да преземат одговорност. Не зборувајте гадости, дека има голем број на луѓе на кои им е потребна помош, парите од даноците треба да се искористат да им се помогне на сиромашните. Нашите даноци се највисоките во светот, треба да им овозможиме на децата подобар животен стандард и да живеат заедно со нивните родители.

Репортерот Фу Јианфенг нагласи [5] еден цитат од учителка во видеото, во врска со епизода во училницата:

一位孩子很大声地说:“我讨厌春天。”老师问他为什么?她说:“因为春天爸妈就出去打工了。只有到了冬天,爸妈才会回来。”这是发生在“姐姐抱着弟弟上小学”故事的对话http://t.cn/SZsUU4。我是含着泪看完的,这是5800万留守儿童的命运。这个社会、这个时代、这个国家,欠了他们

Едно дете извика: „Ја мразам пролетта.“ Учителката го праша зошто. Тој рече: „На пролет, моите родители одат на работа. Ќе се вратат дури во зима.“ Овој разговор се случува во селото каде е снимен „Малото братче сака да спие“. Ја гледав снимката [6] со солзи во очите. Тоа е судбината на 58 милиони оставени деца. Општеството и земјата им се должни на децата  за тоа што им недостасува .