- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Со поништување на пресудата на основниот суд, Врховниот суд на Малдивите спаси осудена прељубничка од каменување

Категории: Јужна Азија, Малдиви, Владеење, Граѓански медиуми, Жени и род, Закон, Најважни вести, Политика, Развој, Религија, Човекови права
Jumhooree Maidan (Independence Square). Male's central square with the giant flagpole and the Shaheed Hussain Adam Building in the background, Male. Image from Wikimedia Commons by Jpatokal. CC BY-SA [1]

Џумхооре Мајдан (Плоштад на независноста). Централниот плоштад во Мале со огромен јарбол и зградата Шахид Хусаин Адам во позадина, Мале. Викимедиа Комонс од Jpatokal. CC BY-SA.

Врховниот суд на Малдивите реагираше брзо во враќањето на пресудата на еден од островските судови со која жена прељубничка беше осудена на смрт. Жената била осудена да биде каменувана [2]. Според Врховниот суд, пресудата на основниот суд ја повредила [3] „судската и законска процедура која треба да се следи во такви случаи“.

Република Малдиви е архипелаг составен од повеќе од 1,110 острови во Индискиот Океан со популација од околу 400,000 луѓе [4].

Неделата, 18 октомври, 2015, основниот суд на оддалечениот остров Геманафуши (400 километри јужно од главниот град, Мале) осуди жена [5] (мајка на пет деца) на смрт со каменување. Според вебсајтот за вести Haveeru [6], жената го признала делото откако се породила со вонбрачно дете. Во Малдивите, вообичаената казна за вонбрачни сексуални односи е затворска помеѓу 6 до 24 месеци, во зависност од брачниот статус на осудениот.

Веста за смртната казна провоцираше изненадување и револт на социјалните мрежи:

Тажен ден за Малдиви за првпат после повеќе од 800 години исламска историја на Малдиви жена беше осудена на смрт со каменување.

— Ахмед Насеем (@KerafaNaseem) 18 октомври, 2015 [7]

Планирате одмор на Малдиви? Тогаш немојте, освен ако не се согласувате со каменување на смрт на жени #boycottMaldives [8]

— Су Венеер (@sueveneer) 18 октомври, 2015 [9]

Луксузен меден месец на еден остров, вооружени пресметки на друг, каменување жени на следниот, скривалиште на банди на другиот, потоа кам за џихадисти…#IslandHopping [10] #Малдиви [11]

— АзраНасеем (@Manje) 20 октомври, 2015 [12]

Пишувајќи на Фејсбук, Амани Насеем [13] ја опишна нејзината фрустрација од пресудата и „хоророт“ кој следи:

Првпат во историјата на Малдиви, жена беше осудена на смрт со каменување, ова е многу тажен и срамен ден.

Посакувам да бев во Мале сега за да протестирам против овој хорор. Ве молам не дозволувајте да ја убијат!.

Според извештај [5] на онлајн весникот Малдиви Independent, пресудата била донесена под секција 1205 од кривичниот законик, во кој се вели дека исламските шеријатски казни мора да се нанесат на лица кои се прогласени за виновни без сомневање за извршување на кривично дело за кое следи пропишана казна во шеријатскиот закон, „дури и ако тоа е поинаку уредено во другите кривични закони.” Кривичниот законик претходно дозволуваше само казни пропишани во Светиот Куран и во него нема ставки за каменување.

Кривичнот систем на Малдиви е произнесен од Исламскиот шеријатски закон [14] со микс на англиски општи закони. Малдивските судови го ограничуваат казнувањето на следниве ставки:

1. Казни
2. Компензациски плаќања
3. Домашен притвор, затвор
4. Камшикување
5. Прогонување на напуштен остров

Според неодамнешен законски амандман [15], Врховниот суд мора да донесе конечна пресуда за сите случаи каде обвинетиот е осуден за обвиненија кои сносат казни пропишани во Исламскиот шеријатски закон.

Ијаз [16], постар член на религиозната конзервативна Адхаалат Партија, ја фалеше [3] „храброста” на основниот суд, кој нареди прељубницата да се каменува до смрт.

Секуларното демократско движење на Малдиви [17] изјави на Фејсбук:

Смрт од каменување: Литературата покажува дека не сите исламски академици се согласуваат за казната смрт со каменување, како санкција на хад или худуд дела.

Гласот на жените [18], организација за правата на жените, рекоа:

Оваа пресуда ни доаѓа во време на зголемен државен и меѓународен притисок врз владата на Малдиви во однос на однесувањето на судиите, дискутабилна судска непристрасност, арбитрарност и генерално недостиг на доверба во судството на Малдиви.

Се уште има 15 држави [19] кои практикуваат или во некаква форма дозволуваат каменување до смрт на жени кои имаат интимни односи пред склучување на брак.

Малдивите излегоа од декади на авторитарно владеење во 2008, кога се донесе нов демократски устав и првите повеќепартиски избори, кога Мохамед Нашид беше избран за претседател. Но, државната транзиција кон демократија се соочи со уназадување [20] во 2012, откако владата на г. Нашид беше принудена да ја напушти власта, соочена со востание, за кои некои велат дека е државен удар. Новите избори го донесоа на власт Абдула Јамен Абдул Гајоом, полубратот на поранешниот владател Маумон Абдул Гајоом, кој владееше со Малдиви три декади се до 2008 и политичката алијанса на неговата партија, се попопуларната Исламска политичка партија Адхаалат [21] .

Maldives police drag former president Mohamed Nasheed into court. Image by Shirukhan Adam. Copyright Demotix (23/2/2015) [22]

Малдивската полиција во влече поранешниот претседател Мохамед Нашид во судница. Фотографија на Ширукан Адам. Издавачки права Демотикс. 23ти февруари, 2015.

Минатиот март, поранешниот претседател Мохамед Нашид беше осуден на 13 години затвор, откако беше осуден по државниот закон за борба против тероризмот за издавање наредба за апсење на еден наводно корумпиран судија во 2012.

Извештаите велат [20] дека државата полека се лизга назад кон авторитаризам.

Велезине Аишат  [23]пишува на Фејсбук:

Поништувањето на пресудата од Врховниот Суд за каменување на жена до смрт покажува;
1. Владата може, и практикува, да наредува на основните судови што да прават.
2. Владата чувствува меѓународен притисок и не сакаат повеќе невољи.