- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Промовирање на рециклирањето во Македонија

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Животна средина, Идеи

Градителите на елката. Фото:@teksega [1], објавено со дозвола.

Продолжувајќи ја традицијата започната минатата година (en [2], mk [3], nl [4], es [5]), македонската Твитер-заедница подигна нова новогодишна елка од пластични шишиња (mk [6], mk [7], фотогалерии 1 [8], 2 [9], 3 [10]) во скопскиот Градски Парк, со цел да ја истакне важноста на рециклирањето. Настанот повторно беше организиран со хаштагот #елкамк [11] и упатство со отворен код [12], најавен [13]три недели однапред од неколку блогери. Елката ќе ја откупи локална фирма за рециклажа, а парите ќе бидат донирани во добротворни цели.