Rising Voices објавува конкурс за предлог-проекти за граѓански медиуми

Краен рок за пријавување: 18 јануари 2009 година

Rising Voices, проект на Global Voices, започна со прифаќање на предлог-проекти за користење на новите медиуми, кои би можеле да добијат финансиски микро-грантови до 5000 долари.

Идеалните кандидати би презентирале иновативни и детални предлози за обуки за техники од граѓанското новинарство кои би опфатиле заедници кои не се во можност самите да ги откријат и искористат алатките како блогирање, видео-блогирање и подкастинг.

Како што интернетот станува попристапен за повеќе луѓе, вклучувајќи ги и корисниците на мобилни телефони, таканаречениот дигитален јаз по се изгледа се намалува. Меѓутоа, на негово место ние гледаме празнина во повеќето блогови, подкасти и онлајн видеа, кои се создадени во соседствата од средна класа од големите градови низ целиот свет.

Целта на Rising Voices е да помогне во вклучување на нови гласови од нови заедници, кои зборуваат нови јазици, во конверзацијата на интернет со овозможување на ресурси и финансиски средства на локалните групи кои посегнуваат по незастапуваните заедници во земјите во развој. Посетете ја листата со проектите кои се финансирани од наша страна за повеќе примери.

Само небото е лимит, но за жал финансиите не. Грантовите на Rising Voices се движат од 2000 до 5000 долари. Ве молиме бидете што поспецифични и реалистични при креирање на вашиот буџет.

Успешните проекти ќе бидат истакнати на Global Voices. Од добитниците ќе се очекува редовно да одржуваат работилници за да ги обучуваат учесниците како да започнат и одржуваат блог, да споделуваат и поставуваат дигитални фотографии и да создаваат едноставни видеа. Добитниците исто така ќе треба редовно да објавуваат евалуации и новости на сајтот на Rising Voices.

Комплетните апликации ќе бидат примани не подоцна од сабота, 18 јануари. Ве молиме поставете ја вашата комплетна апликација на страницата за аплицирање на Rising Voices.

Доколку имате прашања може да ги поставите во делот за коментари или по имејл на outreach@globalvoicesonline.org

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.