- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Симфонија за Перу“: Учење на деца низ музика

Категории: Латинска Америка, Перу, Граѓански медиуми, Идеи, Младина, Музика, Образование
14300806495_dfb37fa22b_k [1]

Деца од Симфонија за Перу на концерт. Фотографија: Фликер/ Miraflores City Hall [1] (CC BY 2.0).

Познатиот перуански тенро Хуан Диего Флорез [2] раководи со организација наречена Симфонија за Перу [3], инспирирана од Националната мрежа на детски и младински оркестри на Венецуела. [4] Групата овозможува музичко подучување [5] на деца со посебни потреби.

Организацијата на Флорез е активна веќе пет години, и резултатите [6] досега се позитивни. Според извештај [7] на перуанското Биро за студии на развој, „учесниците развиваат повисока самодоверба, поголема истрајност во остварувањето на нивните цели, зголемена креативност и подобри начини на соживот во општеството.“

Во напис за En busca del milagro peruano [8] (Трагајќи по перуанското чудо), Пабло Макалупу-Кумпен вели дека Симфонија за Перу користи музика за негување на вредности кои траат целиот живот:

[Sinfonía por el Perú] formar con todo el rigor posible a cientos (quizá ya sean miles) de niños en todo el país, y la mejor manera de hacerlo es con música, porque la música, como dijo el psiquiatra inglés Anthony Storr, tiene la capacidad de transformar nuestra existencia por completo.

[Симфонија за Перу] интервенира и реформира деца многу ригорозно —стотици (можеби веќе и илјадници) деца низ целата држава, и најдобриот начин да се направи ова е со музика, бидејќи музиката, со зборовите на англискиот психијатар Ентони Стор, има капацитет целосно да го трансформира нашето постоење.

Во моментов има околу 800 деца учесници [9] во Симфонија за Перу. Тие доаѓаат од четири различни покраини во државата, според Преглед на ефективноста на развојот (годишен извештај од интер-американската Банка за развој со која ги прикажуваат резултатите и влијанието на нивната работа):

Проектот основа четири музички центри во четири многу различни покраини на Перу: маргинализираните урбани гета во Трухиљо (крајбрежје), Хуанкајо (планински предел), Хуануко (дождовна шума), и Манчај-Лима (пустина). Секој од центрите носи музика во животите на речиси 200 деца и млади кои живеат на границата на сиромаштијата или под неа. […] Сетингот на програмата им помага на децата да ја развијат нивната самодоверба, ги охрабрува да си поставуваат цели во животот како и да ги остваруваат, промовира подобрени резултати во училиште, ги зацврствува семејните врски, и фасилитира позитивно вклучување во општеството.

Корисниците на Твитер беа зафатени дискутирајќи, дури и промовирајќи ги планираните активности на Симфонија за Перу:

Повик за Симфонија за Перу – Хуануко прва група.

Талент од Перу! “El Cóndor Pasa [16]” изведена од Симфонија за Перу.

Симфонија за Перу: моќта на музиката која генерира одржлив развој.

Симфонија за Перу – Трухиљо прва група во Културниот Центар.