„Симфонија за Перу“: Учење на деца низ музика
Gabriela Garcia Calderon Orbe Gabriela García Calderón Гоце АрсовскиВиблог
Познатиот перуански тенро Хуан Диего Флорез раководи со организација наречена Симфонија за Перу, инспирирана од Националната мрежа на детски и младински оркестри на Венецуела. Групата овозможува музичко подучување на деца со посебни потреби.
Организацијата на Флорез е активна веќе пет години, и резултатите досега се позитивни. Според извештај на перуанското Биро за студии на развој, „учесниците развиваат повисока самодоверба, поголема истрајност во остварувањето на нивните цели, зголемена креативност и подобри начини на соживот во општеството.“
Во напис за En busca del milagro peruano (Трагајќи по перуанското чудо), Пабло Макалупу-Кумпен вели дека Симфонија за Перу користи музика за негување на вредности кои траат целиот живот:
[Симфонија за Перу] интервенира и реформира деца многу ригорозно —стотици (можеби веќе и илјадници) деца низ целата држава, и најдобриот начин да се направи ова е со музика, бидејќи музиката, со зборовите на англискиот психијатар Ентони Стор, има капацитет целосно да го трансформира нашето постоење.
Во моментов има околу 800 деца учесници во Симфонија за Перу. Тие доаѓаат од четири различни покраини во државата, според Преглед на ефективноста на развојот (годишен извештај од интер-американската Банка за развој со која ги прикажуваат резултатите и влијанието на нивната работа):
Проектот основа четири музички центри во четири многу различни покраини на Перу: маргинализираните урбани гета во Трухиљо (крајбрежје), Хуанкајо (планински предел), Хуануко (дождовна шума), и Манчај-Лима (пустина). Секој од центрите носи музика во животите на речиси 200 деца и млади кои живеат на границата на сиромаштијата или под неа. […] Сетингот на програмата им помага на децата да ја развијат нивната самодоверба, ги охрабрува да си поставуваат цели во животот како и да ги остваруваат, промовира подобрени резултати во училиште, ги зацврствува семејните врски, и фасилитира позитивно вклучување во општеството.
Корисниците на Твитер беа зафатени дискутирајќи, дури и промовирајќи ги планираните активности на Симфонија за Перу:
Повик за Симфонија за Перу – Хуануко прва група.
Талент од Перу! “El Cóndor Pasa” изведена од Симфонија за Перу.
Симфонија за Перу: моќта на музиката која генерира одржлив развој.
Симфонија за Перу – Трухиљо прва група во Културниот Центар.