Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индија: Во Њу Делхи започнуваат игрите на Комонвелтот 2010 година

Со зголемени мерки на безбедност на 3 октомври во Њу Делхи, Индија официјално започнаа Игрите на Комонвелтот за 2010 година. Игрите на Комонвелтот се повеќе спортски настан кој се одржува на секои четири години од 1930 г. во кој учествуваат спортисти од земјите-членки на Комонвелтот. Овој настан за прв пат се одржува во Индија и изненадувачки, на почетокот беше подложен на многу критики и контроверзии.

Подготовките за Игрите на Комонвелтот 2010 г. беа попречувани од бројни безбедносни и инфраструктурни проблеми, вклучувајќи обвинувања за корупција и за нив се зборуваше насекаде по медиумите и во блогосферата. Освен тоа, граѓанска група наречена „Фронт против Игрите на Комонвелтот“ организираше протести против овој настан како причина наведувајќи ги многуте нерегуларности меѓу кои:

  • Прекршување на човековите права на урбаните сиромашни со иселување и обездомување на 200.000 луѓе.
  • Сиромашни луѓе (питачи) беа уапсени и вратени назад во нивните родни земји.
  • На работниците мигранти им се закануваа и ги напаѓаа да го напуштат градот.
  • 300.000 улични продавачи веќе ги изгубија нивните живеалишта поради Игрите.

Напис против Игрите на Комонвелтот. Слика од корисникот на Фликр ноцвг2010. CC BY-NC-SA

Прерна од Делхи ја критикуваше наклонетоста на граѓаните и медиумите од нејзината земја да ги преувеличуваат фактите:

Овие случувања се многу лоши и никој не го одрекува тоа. Но, она што мене ми пречи повеќе е тоа што преувеличувањето на сè што не е во ред при подготовките за Игрите стана државно хоби. Не се губи време да се прикажат Игрите како понизен неуспех. Еден спортист ќе се повлече од учество на Игрите и тоа се прикажува постојано и изгледа како повеќето спортисти да одлучиле да се повлечат.

Комитетот за организирање на Игрите на Комонвелтот 2010 г. остави дамка врз имиџот на Индија, а обвинувањата за наводното злоупотребување на паричните средства кажува многу за неспособното справување со целиот случај.

Таа наведува што треба да се направи за да се справат со проблемот:

Едноставно ширење на негативност не е решение на проблемот и сите ние треба да се обидеме да ја подржиме Индија за игрите да бидат успешни. Во однос на безбедносните проблеми, ние можеме да се справиме и се справивме со тоа, а доказ е нашата успешна организација на светски првенства во крикет како и турнири од ИПЛ (Индиска премиер лига (во крикет)).

Има многу извештаи за лошото раководење и корупцијата во периодот пред почетокот на овој настан не само во Индија, туку и низ меѓународните медиуми, а некои новинари смислија досетливи начини како да ги нарушат подготовките на индиските власти. Кафе Пиала открива телевизиски извештај кој прикажува како известувач на австралискиот Канал 7 прошверцува експлозиви во „селото“ каде спортистите ќе престојуваат за време на игрите за да укаже на слабите безбедносни стандарди на местото каде ќе се одржува настанот:

Ова одекна низ целиот свет и беше дополнение на барањето на многубројни луѓе игрите да бидат откажани. Сепак, добро почитуваната програма на австралиската радиодифузна корпорација МедиаВач открива дека приказната воопшто не била таква каква што се прикажува.

И да не гледате/не прочитате ниту еден друг медиумски прилог оваа седмица, сепак гледајте го овој за да разберете како медиумските извештаи можат да се манипулираат до застрашувачки последици.

Стадионот Џавахарлал Нехру, Њу Делхи, место каде ќе се одржуваат Игрите на Комонвелтот 2010 г. во Делхи. Слика на корисникот на Фликр сивју99. CC BY-NC-SA

Но, Преку Циничност од Десикритикс, добро ги прифаќа критиките и се надева дека Индија научила од грешките и треба да напредува без да ги повтори истите:

ИКВ (Игрите на Комонвелтот) само нè прикажаа нас Индијците во поглед на незамисливото ниво на корупција низ целиот свет. Додека светот ова го откри неодамна, ние бевме свесни за тоа уште пред многу години и не презедовме ништо. Поради тоа ја научивме лекцијата на тешкиот начин. Заради тоа што ова претставува меѓународен настан сите „нечистотии“ излегоа на површина и луѓето започнаа јавно да ја чистат својата „нечиста облека“ само за да се заштитат самите себеси.

А Џрни има високи очекувања за Индија во овој настан:

Одржувањето на Игрите на Комонвелтот сигурно ќе ја прикажат земјата како способна држава со огромен потенцијал. За време на ова патување на спектакуларен спортски настан, ние будно ќе ги следиме спортските настани и одговорот на светот на како тоа го прави Индија.

И последно, но не и неважно, Сепиа Мутини поставува од А до Ш водич за Игрите на Комонвелтот во Делхи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.