- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мачка најде дом благодарение на детска кампања на Facebook

Категории: Северна Америка, САД, Граѓански медиуми, Животна средина, Младина, Хумор
Facebook campaign to adopt a cat

„Мојата сестра и јас навистина сакаме мачка. Тато ни вети дека може да добиеме ако успееме да собереме 1000 лајкови”

Хајриет Павтур можеби е првата мачка која најде дом преку Facebook благодарение на кампања [1] од 7-годишниот Реми и неговата 1-годишна сестра Евелин од Соединетите Држави, пишува Ингрид Кинг [2] на Conscious Cat. Нивната фотографија моментално има 128,723 лајкови, 107,876 споделувања и фамилијата веќе посвои мачка [3] од засолништето за мачки Ellen M. Gifford [4].