Холандија: Празнична сезона на прослави, костуми… и расизам?

Zwarte Piets in The Hague, The Netherlands, November 2010, by Flickr user Gerard Stolk (CC-BY-NC)

Црн Пит во Хаг, Холандија, ноември 2010 година, од Фликр корисник Џерард Столк (CC-BY-NC)

Во зимската сезона во Холандија личноста наречена Zwarte Piet (Црн Пит) го придружува Sinterklaas (Св. Николас, оргиналната инспирација за Дедо Мраз) за годишниот празник, кој се обележува вечерта на 5ти декември или утрото на 6ти декември, со слатки и подароци за сите добри деца. Овој традиционален празник е ривал на Божиќ по важност.

Во последните неколку години улогата на Црн Пит стана дел од периодичната дебата во Холандија поради тоа што некои граѓани се навредени од костумите со лица обоени во црно. Приказната вели дека придружници на Св. Николас се Маврите кои помагаат во носењето на подароците за децата кога тој доаѓа со брод од Шпанија.

Традицијата продолжува да биде популарна, иако некои протестираат против она што тие го гледаат како расистичко претставување. На 12ти ноември 2011 година, демонстрант облечен во маичка на која пишува „Црн Пит е расист“ е уапсен во Дордрехт и покрај обвиненијата за полициска бруталност. Кампањата со маичката има свој Тумблр блог со слики и Фејсбук страница со повеќе од 800 следбеници.

Блогерот на Работи кои Холанѓаните ги сакаат во 2010 година напиша во врска со традицијата на Црн Пит:

Знаете дека е тој период од годината во Холандија, кога ќе бидете поздравени од некој Холанѓанец на улица, чие лице е цело обоено црно и носи црна афро перика, со светло црвена уста и смешен кловновски костум.

Sinterklaas and Zwarte Piet

Синтерклас и Црн Пит, Хаг, Холандија, ноември 2008 година, од Земистор (CC-BY-ND)

Холандскиот графити уметник и блогер БНЕ објави некои слики од Црн Пит, и праша: Дали холандскиот празник на Синтеркласката традиција за “Црн Пит” е расистички?:

 

Оваа традиција еволуираше со текот на годините, делумно поради протестите од групи што ја сметаат за навредлива. Денеска, се тврди дека црните лица се должат на фактот дека помагачите поминувале низ оџаците и како резултат на тоа нивните лица се обоени од гар. Она што повторно, никој не може јасно да го објасни, е кој е тој гар кој остава толку униформна и еднакво распределена боја. Уште полошо, зошто овие „жители на оџаците“ зборуваат со лажен акцент кој е пародија на црнечкото население од поранешната холандска колонија Суринам.

Антропологот и блогер Мартијн де Конинг од ПОБЛИСКУ објаснува во Веселиот црн слуга – Традиција и расизам во Холандија:

Не очекувам промена во оваа традиција многу наскоро. Но, треба да биде јасно дека Црн Пит е конструкција и измислица која веќе се менувала низ историјата. Оваа сегашна традиција има изгубено од многуте негативни конотации, што е делумно позитивно, но негативната страна е дека го прави расизмот по скриен. Сепак, сметам дека холандската традиција се вклопува перфектно при учење на мали деца за расизмот, колонијализмот и религијата низ историјата. Можеби тоа ќе биде почеток за некои промени во иднината?

На веб-сајтот за патување Планета надвор од лентата, Ана Старостинетскаја го дава овој одговор на прашањето, Што по ѓаволите е Црн Пит?:

Дали е Пит детска приказна или расистичка фигура? Не ветуваме дефинитивен одговор. Ние не викаме дека оваа традиција не ги претставува црните луѓе на расистички начин и разбирливо е дека Американците имаат најмногу мислења на оваа тема, бидејќи Црн Пит е визуелно многу близок до начинот како изгледале нашите расистички корени. Но, Американците мораат исто така да сфатат дека нашата историја не носи кон тоа што ние знаеме за нашето расистичко минато во традициите кои може да немаат ништо заедничко освен обоеното црно лице. Иако на некој начин може да изгледа расистички, не може да ја наметнеме нашата расистичка историја на некоја традиција во друга земја и да речеме дека е исто. Како и да е, се надеваме дека постои златна средина која не ги опфаќа штрумфовите, џуџињата или целокупната американизација на светската традиција.

Sinterklaas arrives by boat in Arnhem

Синтерклас пристигнува со брод во Арнхерм, ноември 2011 година, од Бас Боерман (CC-BY-NC)

На блогот Соборување на тигарот, под постот на Флавија „Ако протестираш за расизам за време на сезоната на црни лица во Холандија, ќе бидеш истепан и уапсен”, коментарот на Елф се огласува за горенаведеното:

Го читам твојот пост зошто сакам да сфатам зошто јас не ја сметам оваа традиција за расистичка… „Робовите” или „помошниците” како што ти им се обраќаш не се за потсмев: ова не се кловнови и тие носат убава облека, не парадираат наоколу полуголи со коска низ ноздрите како некои дивјаци (или како Џозефин Бејкер и нејзината банана сукња). … Како „Тинтин во Конго”, Црн Пит е потсетник на минатото … Знам дека е многу навредливо за црните луѓе во Америка да гледаат бели луѓе со лица обоени во црно (но ми требаше да живеам во САД за да сфатам зошто: период во кои на црните не им било дозволено да играат своја улога во театарот)… Како што раперите одлучија да го поседуваат Н зборот, ако не нервира ние можеме само да ја игнорираме оваа традиција, лично јас не се грижам. Како Африканец не го гледам Црн Пит како црнец (тие не изгледаат како мене ниту како ниеден Африканец кој го познавам) … Да бидеш навреден од нив треба да имаш многу ниска самопочит. Извинете што сум политички некоректен…

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.