Над 700,000 деца од Филипините примија вакцина против денга во 2016 година. Но, на 29 ноември 2017, од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“, која ја разви вакцината „Денгваксиа“, изјавија дека истата не треба да им се дава на деца кои претходно не биле инфицирани со вирусот денга.
Во 2014 г., светот ги поздрави вестите за откритијата во истражувањата за развој на вакцина против денга. Една од државите која ја купи вакцината на „Санофи Пастер“ беше и Филипините по цена од 3.5 милијарди пезоси (70 милиони американски долари).
Денгата е тропски вирус кој го пренесуваат комарците од видот „Aedes aegypti“ за кој нема лек. Според владините статистики, во Филипините на годишно ниво во просек се пријавуваат 200,000 случаи на денга.
Министерството за здравство започна со вакцинација на 733,000 деца од јавните училишта во април 2016. Над 200,000 деца примија три дози од вакцината во периодот од 2016 до 2017.
Но, од „Санофи Пастер“ изјавија дека според последните истражувања било откриено дека вакцината може да доведе до „повеќе случаи на тешки заболувања по вакцинирањето при подоцнежно инфицирање со денга“ за лица кои никогаш претходно не заболеле од вирусот.
The analysis confirmed that Dengvaxia provides persistent protective benefit against dengue fever in those who had prior infection. For those not previously infected by dengue virus, however, the analysis found that in the longer term, more cases of severe disease could occur following vaccination upon a subsequent dengue infection.
For individuals who have not been previously infected by dengue virus, vaccination should not be recommended.
Анализите потврдија дека „Денгваксиа“ обезбедува трајна заштита против денга треската за оние кои претходно биле инфицирани. Сепак, за оние кои претходно не биле инфицирани од вирусот денга, анализата покажа дека на подолг рок, повеќе случаи на тешко заболување би можеле да се јават по вакцинирањето при подоцнежно инфицирање со денга.
За лицата кои претходно не биле инфицирани од денга вирусот, вакцинацијата не би требало да се препорачува.
Во следно соопштение, од „Санофи Пастер“ појаснија дека нивната вакцина не заразува со денга:
For those who did not have previous dengue infection before vaccination, the vaccine does not cause dengue.
За оние кои не биле инфицирани со денга пред вакцинацијата, вакцината не ја предизвикува денгата.
Министерството за здравство веднаш ја укина програмата за имунизација од денга. Владата исто така ја сопре продажбата, дистрибуцијата, и маркетингот на „Денгваксиа“.
FDA suspends Dengvaxia. Great move. pic.twitter.com/2Q5nAREbd8
— Dr. Gia Sison (@giasison) December 4, 2017
Агенцијата за храна и лекови ја укина „Денгваксиа“. Одличен потег.
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека ја поддржува одлуката на филипинската влада да ја укине употребата на „Денгваксиа“. Од СЗО додадоа дека тие никогаш не ја препорачале вакцината:
The WHO position paper did not include a recommendation to countries to introduce the dengue vaccine into their national immunization programs.
Стратешкиот документ на СЗО не вклучуваше препорака до државите да ја воведат вакцината против денга во нивните национални програми за имунизација.
Но во претходна изјава, од СЗО признаа дека дале „условна препорака“ за користење на вакцината:
The position paper makes a conditional recommendation on the use of the vaccine for highly endemic areas.
Стратешкиот документ дава условна препорака за користењето на вакцината за високо ендемични региони.
Сенатор од Филипините, Џоел Вилануева, побара правда против компанијата: „Треба да се бара одговорност од Санофи за нивното неорганизирано пуштање лекови во оптег без целосни и уредни клинички студии“. Во меѓувреме, друг сенатор, Ричард Гордон, ја обвини претходната влада за „местење во процесот на набавки“ и повика на истрага за да се докаже вината на функционерите при спроведувањето на програмата за вакцинацијата против денга. Новата влада дојде на власт на 30 јуни 2016.
Други сенатори сакаа да проверат дали некои смртни случаи од денга се поврзани со вакцината.
At Blue Ribbon investigation into Dengue vaccine I sat next to parents of boy from Bataan who was given n died. 8/9 years old Lang yung Bata
— Sonny Angara (@sonnyangara) December 4, 2017
За време на истрагата „Blue Ribbon“ [„Сината панделка“] за вакцината против денга седев до родителите на момче од Батаан кое примило вакцина по што починало. Детето имаше само 8/9 години.
Докторката и блогерка Стеф дела Круз го изрази нејзиното разочарување што децата од филипините биле искористени како “заморчиња” во развивањето на вакцината:
Checks and balances existed to ensure the safety of the people. Regrettably, these were set aside to ensure the vaccine was included in the formulary, approved for use, and procured with a multibillion price tag not even remotely proportionate to the disease burden it hoped to relieve.
What do we do as a people after we realize that our children have become deniable guinea pigs for an allegedly-corrupt experiment masquerading as a vaccine program?
Label changes are not enough. Adding salt to the wound, press statements that prioritized deniability over liability are a travesty of the apology we demand and deserve.
Механизмите за заемна контрола постојат за да се грижат за безбедноста на луѓето. За жал, истите беа тргнати настрана за да биде сигурно дека вакцината ќе биде вклучена во дозволените формули, достапна за користење, и набавена со мултимилионски средства кои ни оддалеку не се пропорционални со товарот кој го носи болеста и кој вакцината би требало да го олесни.
Што ќе правиме ние како луѓе откако разбравме дека нашите деца станале заморчиња за наводно корумпираниот експеримент маскиран како програма за вакцинација?
Смена на етикетите не е доволно. И како додавање сол на рана, соопштенијата кои го ставаат отфрлањето на одговорноста над самата одговорност се пародија на извинувањето кое ние го бараме и заслужуваме.
Овој твит го одразува расположението на многумина по објавата на „Санофи“ за нивните најнови наоди околу нивната вакцина:
Why just now… ? How about the thousands of children who were already given the vaccine? https://t.co/6v2tzz5GKS
— Jo-Ann Diosana (@JoDiosana) December 5, 2017
Зошто дури сега… Што правиме со илјадниците деца на кои веќе им беше дадена вакцината?