Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Немирите во Брегот на Слоновата Коска 2011 година.
[Сите линкови се на француски јазик освен тие кои се означени поинаку]
За време на пост-изборната криза на Брегот на Слоновата Коска (англиски), трите државни универзитети (Кокоди, Абобо-Аџаме и Боуаке) беа затворени, а студентите ги напуштија студентските домови. Додека во тоа време голем број од жителите на Брегот на Слоновата Коска ја поздравија оваа одлука, денес повеќето се прашуваат за неизвесноста околу повторното отвoрање на универзитетите.
Затворањето имаше две конкретни цели:
- Да ги ослободи просториите кои беа нелегално окупирани од страна на луѓе кои не студираа, посебно членовите на моќната, да не речам вооружена, Федерација на студенти и интелектуалци од Брегот на Слоновата Коска
- Да се реновираат зградите на кои итно им беше потребно обновување.
И покрај фанфарата што ја следеше работата уште од самиот почеток, со посети од страна на Министерот за високо образование Цисе Баконго за кои се известуваше во националните медиуми, неизвесноста околу датата за продолжување со наставата предизвикуваше огромна загриженост кај студентите, родителите и професорите.
Во последните неколку дена се засили дебатата на социјалните мрежи, особено на Твитер. Владиниот министер Антоан Мијан, активист за информациски технологии и телекомуникации во образованието, го истакна ризикот од продолженото затворање на универзитетите:
@MIANSEH: криминалот потекнува од безделништвото #VICES а студентите од Брегот на слоновата коска безделничеа во изминативе 5 месеци. Ало #VICES #sosUniv #criseUniv #civ2010
На микроблогерите не им требаше многу време за директно да го прашаат Ален Лобоњон, еден од неколкуте министри на Брегот на слоновата коска кој има активна корисничка сметка на Твитер. Марк Антуан Ходоноу сакаше да знае:
Уште по прагматично, Дон Принц предложи компромисно решение како истовремено да се продолжи со работата и со наставата:
@princedonk: Тоа што сакам да го кажам е дека, доколку се води малку грижа, часовите може да се одржуваат, додека дел од универзитетот е во изградба! #sosUniv
Според него, Националниот Институт за политехника Хофет Боињи (НИП-ХБ) докажа дека тоа може да функционира на овој начин. Овој јавен високо образовен институт, лоциран во Јамоусукро, има факултет во Абиџан, а неговите студенти беа сместени во Кокоди кампусот. Како што истакнува Дон Принц, и покрај затворањето на Кокоди кампусот, наставата се оддржуваше во НИП-ХБ:
@princedonk: И покрај затворањето на универзитетот, НИП-ХБ факултетот на Кокоди универзитетот продолжи да работи, пример кој треба да се следи #sosUniv
Ако овој пример се употребуваше и на другите факултети, училниците и другите простории брзо ќе беа уредени и студентите ќе можеа да продолжат со предавањата, без оглед на тоа што комплексот е затворен.
За другите, потешкотиите околу сместувањето и превозот во Абиџан ги охрабри да предложат други решенија, како учење од далечина. Хагер55 предложи:
@hager55: он-лајн учење; видео конференции со цел што побрзо да се достигне годината што веќе започна @anarshy @Sanders225 #sosUniv #civ2010
Но, поради недостиг на соодветна инфраструктура и недостаток на домаќинства со потребната ИТ опрема, ова решение е невозможно да успее, како што посочува Стефан Коуаку:
@iamstephanek: Ниво на опременост? @hager55: он-лајн учење; видео конференции со цел што побрзо да се достигне годината што веќе започна @anarshy @Sanders225 #sosUniv
За да ги увери сите, Ален Лобоњон објави:
@MIANSEH: Датата веќе е одредена. Официјално ќе започне од ноември од страна на Владата #ci225 Одбегнуваме претходни грешки. #civ2010
Но, тој бараше прецизност:
@MIANSEH: Универзитетите нема да бидат отворени набрзина. Решете ги проблемите пред отварањето. #ci225 #civ2010
Пораката е јасна. Студентите од Брегот на Слоновата Коска треба да бидат трпеливи и да ги земат в предвид алтернативните решенија како приватно високо образование Grands Ecoles или државни приемни испити (курсевите во државна служба не се прекинати).
Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Немирите во Брегот на Слоновата Коска 2011 година.