- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Барбадос: Последно збогување

Категории: Кариби, Барбадос, Граѓански медиуми, Здравје, Политика

Жителите на Барбадос му оддадоа последна почит на починатиот Премиер Дејвид Томпсон [1] неделава. Еден од најмладите лидери во регионот, Томпсон, почина на 23-ти октомври од рак на панкреасот [2]; во средата се одржа државен погреб, [3] а блогерите ја искористија можноста да оддадат почит на човекот и неговото животно дело.

Барбадос Фри Прес [4] даде периодични ажурирања:

12:08 часот- Поворката се движи од автопатот Кенеди до Игл Хол и оттаму продолжува понатаму.

11:43 часот- Државната химна. Службата завршува, а народот останува да стои додека телото се носи од Кенсингтон во парохиската црква Св. Јован за погребување.

11:05 часот- Потомците на робовите и робовладетелите заеднички ја пеат Зачудувачка привлечност, песна напишана од Џон Њутон. Од безбожен морнар на робовски брод, Њутон стана најпрво Христијанин, а потоа аболиционист. Реалноста за тоа кои сме ние и од каде доаѓаме никогаш не е далеку во Барбадос.

9:00 часот- Темни облаци и дожд од едната страна на Овалот Кенсингтон, сино небо и сонце на другата. Пригодна порака за овој ден…

Известувачот од Барбадос постави [5] фотографии [6] од одредени положби за време на погребната поворка [7], бележејќи дека „некои од оние што дојдоа да ја оддадат својата почит чекаа уште од 6:30 часот изутрината на крстосницата Игл Хол“ и дека „дождот нема да ги запре [луѓето] за последен пат да се збогуваат со…најмладиот лидер на Барбадос.“ [8]

Барбадос Андерграунд повторно го издаде текстот [9] на пофалба на починатиот Премиер, додека Чиз-он-бред! [10] мислеше дека службата е „трогателна“ и беа задоволни да видат дека повеќемина регионални лидери присуствуваат на погребот:

На Овалот Кенсингтон, благородниците и обичните граѓани се собраа да ја оддадат својата последна почит. Некои од челниците во Владата што присуствуваа беа Премиерот Хјуберт Ингрем од Бахамите; Премиерот Дензил Даглас од Св. Китс; Премиерот Тилман Томас од Гренада; Премиерот Болдвин Спенсер од Антигва; Премиерот Камла Персад-Бисесар од Тринидад и Премиерот Брус Голдинг од Јамајка.

Блогот мој Барбадос [11] ја нарече оваа пригода „многу тажен ден за Барбадос“, додека БФП [12] мислеше дека „погребот на Премиерот Томпсон [беше] добар како и секој друг погреб“, сумирајќи го целото на ова:

Ова е кратка статија за да се изрази нашата благодарност и восхит за многу луѓе кои работеа напорно за да го испланираат и да го спроведат погребот на Дејвид Томпсон. Благодарение на нивното долгочасовно работење, прецизно внимание до детаљ и срдечна посветеност на должноста, нашиот загубен Премиер и неговото семејство беа почестени на соодветен начин, што меѓу солзите и тагата, донесоа чувство на гордост на секој жител на Барбадос на островот и пошироко.