Барбадос: Последно збогување
Жителите на Барбадос му оддадоа последна почит на починатиот Премиер Дејвид Томпсон неделава. Еден од најмладите лидери во регионот, Томпсон, почина на 23-ти октомври од рак на панкреасот; во средата се одржа државен погреб, а блогерите ја искористија можноста да оддадат почит на човекот и неговото животно дело.
Барбадос Фри Прес даде периодични ажурирања:
12:08 часот- Поворката се движи од автопатот Кенеди до Игл Хол и оттаму продолжува понатаму.
11:43 часот- Државната химна. Службата завршува, а народот останува да стои додека телото се носи од Кенсингтон во парохиската црква Св. Јован за погребување.
11:05 часот- Потомците на робовите и робовладетелите заеднички ја пеат Зачудувачка привлечност, песна напишана од Џон Њутон. Од безбожен морнар на робовски брод, Њутон стана најпрво Христијанин, а потоа аболиционист. Реалноста за тоа кои сме ние и од каде доаѓаме никогаш не е далеку во Барбадос.
9:00 часот- Темни облаци и дожд од едната страна на Овалот Кенсингтон, сино небо и сонце на другата. Пригодна порака за овој ден…
Известувачот од Барбадос постави фотографии од одредени положби за време на погребната поворка, бележејќи дека „некои од оние што дојдоа да ја оддадат својата почит чекаа уште од 6:30 часот изутрината на крстосницата Игл Хол“ и дека „дождот нема да ги запре [луѓето] за последен пат да се збогуваат со…најмладиот лидер на Барбадос.“
Барбадос Андерграунд повторно го издаде текстот на пофалба на починатиот Премиер, додека Чиз-он-бред! мислеше дека службата е „трогателна“ и беа задоволни да видат дека повеќемина регионални лидери присуствуваат на погребот:
На Овалот Кенсингтон, благородниците и обичните граѓани се собраа да ја оддадат својата последна почит. Некои од челниците во Владата што присуствуваа беа Премиерот Хјуберт Ингрем од Бахамите; Премиерот Дензил Даглас од Св. Китс; Премиерот Тилман Томас од Гренада; Премиерот Болдвин Спенсер од Антигва; Премиерот Камла Персад-Бисесар од Тринидад и Премиерот Брус Голдинг од Јамајка.
Блогот мој Барбадос ја нарече оваа пригода „многу тажен ден за Барбадос“, додека БФП мислеше дека „погребот на Премиерот Томпсон [беше] добар како и секој друг погреб“, сумирајќи го целото на ова:
Ова е кратка статија за да се изрази нашата благодарност и восхит за многу луѓе кои работеа напорно за да го испланираат и да го спроведат погребот на Дејвид Томпсон. Благодарение на нивното долгочасовно работење, прецизно внимание до детаљ и срдечна посветеност на должноста, нашиот загубен Премиер и неговото семејство беа почестени на соодветен начин, што меѓу солзите и тагата, донесоа чувство на гордост на секој жител на Барбадос на островот и пошироко.