Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Перу: Казни за невнимателните пешаци

Од 15-ти ноември, пешаците во Перу ќе можат да бидат парично казнети ако го прекршат Сообраќајниот кодекс. Во зависност од сериозноста на прекршокот, казната може да варира од 18 до 108 нови соли (приближно 6,50 до 38,50 долари). Во моментот на пишување, една недела откако кодексот стапи на сила, биле казнети 3.985 жители на Лима. Скоро 75% од нив направиле тешки прекршоци.

Во земја во која пешаците и возачите се озогласени по непочитувањето на сообраќајните прописи, блогерите ги изразуваат своите чувства во врска со оваа мерка.

Фотографија од корисникот на Фликр, Мартин Гарсиа, martintoy, користена под Криејтив Комонс лиценца- Наведи извор- Некомерцијално.

Блогот Perú es Babel ја опишува ситуацијата од гледна точка на пешаците и дава листа на прекршоци и паричната казна за секој од нив.

Es cierto. Los peatones muchas veces son (más bien, somos) los culpables de los accidentes […]. Ahí está el mea culpa de este redactor que no tiene carro y toda su vida ha sido peatón pero, en tal condición, también es fácil darme cuenta de que la ciudad no está ni pensada ni hecha para peatones.

O sea, ahora resulta que no puedo cruzar por mitad de calle, por más que la cuadra sea larguísima y yo vaya exactamente al frente, ni más ni menos, aun cuando el propio municipio se haya tomado la molestia de construir un caminito a mita de la berma central para tal propósito, ya que se sabe que la esquina está muuuuuuchos metros más allá. ¡Claro! esto, si nos ponemos estrictos, ya es ilegal. Pero ¿y qué hago si no tengo un puente peatonal o paso subterráneo? De hecho en Lima hay muy pocos.

Вистина е. Најчесто, пешаците се (или подобро, ние пешаците сме) тие што треба да се обвинат за несреќите… Па така еве „моја грешка“ од уредникот кој нема автомобил и цел живот е пешак и каков таков лесно ми е да сфатам дека градот не е ниту замислен ниту направен за пешаци.

Па, сега излегува дека не можам да минам на средината на блокот, без оглед колку е долг и иако одам право на другата страна, ни повеќе ни помалку, иако градското собрание направило патека специјално за таа потреба бидејќи е познато дека аголот е далеку. Точно! Ако сме строги, тоа е противзаконски. Но, што ако немам мостови за пешаци или подвозни премини? Всушност, во Лима такви има многу малку.

Неколку дена пред оваа регулатива да стапи на сила, блогерот Диего Пајарес ја оцени како добра вест:

Una buena noticia. Desde el lunes 15 de noviembre, los policías de tránsito y de carretera tendrán la facultad de intervenir a los transeúntes que, deliberadamente, infrinjan las normas de tránsito. El anuncio ya se había hecho en agosto y hace unos días fue recordado por el ministro de Transportes y Comunicaciones, Enrique Cornejo Ramírez.

Добри вести. Од понеделник, 15ти ноември, сообраќајната полиција ќе може да ги казнува пешаците кои намерно ги прекршуваат сообраќајните прописи. Ова веќе беше најавено во август, а пред неколку денови министерот за транспорт и врски, Енрике Рамирез, не потсети.

Од Lambayeque во северно Перу, блогерот Хозе Елиас Сења дел Вале, од Del Valle para todos има некои препораки:

Si usted es de las personas que cruza la pista por donde lo agarra la urgencia, que evita usar los puentes peatonales porque le da flojera o está apurado, que piensa que la luz roja del semáforo es solo para los carros, que es el dueño de la calle. Si va a cruzar la pista, mire a ambos lados, avance hasta la esquina y espere la luz verde.

Ако сте личност која ја преминува улицата веднаш кога има потреба, која избегнува мостови за пешаци, бидејќи не сака да се оптоварува со тоа или ѝ се брза, која смета дека црвените светла на семафорите се поставени само за автомобилите, која ја поседува улицата, подобро кога ја преминувате улицата, погледнете на двете страни, дојдете до аголот и чекајте на зеленото светло.

Блогерот Буо од блогот 100пре информадо реобјавува некои ажурирани и важни информации.

La estadística señala que la infracción más cometida por los transeúntes es cruzar de forma intempestiva o temeraria la calzada sin respetar las señales de tránsito ni los semáforos, seguida de transitar cerca del sardinel o al borde de la pista.

En tercer lugar figura desobedecer las indicaciones del efectivo policial, y cruzar la calzada por delante de un vehículo detenido, por cualquier causa, cuando a éste no le asiste el derecho de paso.

Статистиката покажува дека најчестите прекршоци на пешаците се преминувањето на улицата прерано или невнимателно, не гледајќи ги сообраќајните знаци и семафори, следено од одењето блиску до тротоарот или на работ на патот.

На трето место е непочитувањето на полициските наредби и преминувањето на улица пред возило што стои, без разлика на причините, кога пешаците немаат право да поминуваат.

На крај, Este blog es tuiio, [шпански], од Juanktuiio, ги информира граѓаните за процедурата:

En todos los casos, los Policías están obligados a detener momentáneamente a los peatones infractores, identificarlos y llenar la papeleta. Los menores de edad también están sujetos a estas sanciones.

Во сите случаи, полициските службеници мора моментално да ги задржат оние кои не го почитуваат законот, да ги идентификуваат и да им напишат казна. Малолетните лица, исто така можат да бидат предмет на овие мерки.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.