Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Катар: Насмевки, аплаузи откако на државата ѝ беше доделена организацијата на Светското првенство во 2022 г.

Катарската делегација за Светското првенство реагира на објавата на ФИФА од изминатиов четврток (слика преземена од ББЦ (BBC))

Еуфорија, вчудоневиденост, насмевки и аплаузи го преплавија интернетот по одлуката на ФИФА- Катар да биде домаќин на Светското првенство во 2022 г.

Во Катар, малечка, пустинска земја богата со нафта која успеа да ги победи понудите на САД, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија за да ја добие организацијата на Светското првенство во фудбал, владееше воодушевување како кај државјаните така и кај доселениците.

На Твитер, Катарија78 (Qataria78) напиша:

Имав солзи во очите кога објавија дека 2022 ќе се одржува во Катар, толку сум горда што сум жителка на Катар

осамааласири (оsamaalassiry) напиша:

Ќе помине одредено време додека да поверуваме: Светското првенство на ФИФА во 2022 г. е @Катар2022

@рејчеленморис (rachelannmorris) напиша:

На сите оние (воглавно во Дубаи) кои ми рекоа дека сум луда што се преселив во #доха пред толку многу години…не ме терајте да кажам: – „Кога ви реков“

И популарниот форум на социјалната мрежа Катар Ливинг (Qatar Living), беше преплавен со честитки.

џек9999 (jack9999) напиша:

Јас сум на годишен одмор во Индија, но не можев да одолеам да не ги следам настаните секунда по секунда. Честитки за еден и за сите. Правам забава за моите пријатели тука.

мемфис7 (memphis7) додаде:

Очите на цел свет ќе бидат насочени кон Катар…ова е времето да се покаже колку професионални, добро воспитани и дисциплинирани, истовремено изразувајќи ја љубовта кон фудбалот, се граѓаните на Катар.
Нека ова на некој начин стане мост за светот подобро да го разбере Средниот Исток, арапските земји и обратно.
Честитки…горд сум што сум тука на овој историски настан.

Навивачи прославуваат по одлуката на ФИФА (Слика на Кајл МекДоналд (Kyle McDonald))

Иако повеќето доселеници немаат намера да живеат во Катар за време на Светското првенство во 2022 г., многумина беа весели поради добрата вест.

На Катар Ливинг (Qatar Living), Ајс Меиден (Ice Maiden) напиша:

За 12 години повеќето од нас нема ниту да бидат тука, но ајде да уживаме во сегашноста

На Катари Адвенчрс (Qatari Adventures), доселеничката и блогерка Сибил Нокс (Sybil Knox) го објасни нејзиниот восхит:

Не знам зошто сум толку емотивна во врска со ова кога сигурно нема да живеам таму во 2022 г. Можеби е само моето сочувство со аутсајдерот кое прави да аплаудирам за мојот “втор” дом или можеби тоа што знам дека Катар ќе ги исполни ветувањата… Јас, во секој случај, очекувам зачудување.

Но, не сите имаа пофални зборови за одлуката на ФИФА.

Хек д Боун (Hack the Bone), поранешен доселеник му честита на Катар, но потоа упатува некои сурови зборови.

Во моментов, нема шанси Светското првенство да се одржи во Катар. Едноставно нема инфраструктура…
За среќа на ФИФА, Доха е во огромен подем, благодарение на илјадници и илјадници луѓе од Шри Ланка и Непал кои ја градат државата од корен…
Не можам, а да не се запрашам каде ќе ги сокријат овие модерни робови кога меѓународниот печат ќе пристигне во градот.

Дури и жителите на Катар имаат измешани чувства околу организација на Светското првенство. На Мимиз Блог (Mimiz Blog), Мими прави анализа на аргументите.

Кога ги прашав зошто го подржуваат проектот 2022? – луѓето одговорија дека тој ќе го промени Катар засекогаш, ќе привлече инвестиции и ќе ја развие економијата. Ќе го стави Катар на картата веднаш до најдобрите земји во светот. Исто така, ќе придонесе за промена на старомодниот начин на размислување кон поотворен, што е неопходно за развој. Од друга страна, оние кои не се согласуваа сметаа дека буџетот во износ од 22 милијарди ќе се потроши на странци наместо на локален развој и подобрување на условите на сиромашните Катарци. Можно е 2022 да ги наруши правата на граѓаните наместо да го подобри квалитетот на живот. Нема никаков придонес за Катарците и ќе доведе до уште поголема загуба на идентитетот.

Многумина од Твитосферата беа вчудоневидени што Катар ги победи САД, прикажувајќи ја победата како онаа на Давид против Голијат.

@леиандроид (@leiandroid) напиша:

Сознанието дека земја која луѓето не знаат да ја лоцираат на картата победи против… па, САД, ми става насмевка на лицето. Можеби ќе ги поттикне луѓето да земат атлас

А @елизабетв723 (@elizabethw723) напиша:

Прашањето кое сите си го поставуваат денес е: Зошто Америка загуби од таа малечка, богата со нафта заливска земја? http://ow.ly/3j4eE

Кога сме кај Твитер, на катарските твитерџии конечно им се исполни желбата нивната држава да стане главна тема на разговор, но тоа беше слатко-горчлива победа. Наместо #Катар (Qatar), #Куатер (Quater) и #Каттар (Kattar) се најдоа на страниците.
@токсик (@toxic) напиша:

Денес, Катар го доби #светскотопрвенство2018. Во САД “Куатар” (“Quatar”) е главна тема на разговор. Очигледно, нашите спелувачки способности се отприлика исто толку добри колку и нашиот фудбал.

Во Доха, Амар Мохамед ги наведе достигнувањата на Катар во одржување на спортски активности:

غرب آسيا٢٠٠٥ …آسياد٢٠٠٦…كأس آسيا ٢٠١١.. كأس العالم ٢٠٢٢
تدل على تخطيط استراتيجي عميق ومدروس من قطر
Западно-азиските игри 2005, Азиски игри 2006, Азиски куп 2011 и Светското првенство 2022 го прикажуваат стратешкото планирање на Катар

На другите места низ заливот интернет корисниците се пресреќни.

Бахреинецот Јакуб Слаисе (Yacoob Slaise) на Твитер напиша:

Со нетрпение чекам да го однесам мојот 12-годишен син во Катар на Светското првенство и да му речам: „Сонувај многу и работи напорно и ова е она што ќе го добиеш“

Хала Ал-Јурајед (Hala Al-Jurayed), од Саудиска Арабија, му честита на Катар за победата:

ياقطر ألف مبروووووووووووووووك ،، الله عليكم قول وفعل ،، مره انبسطت ،، الحمد لله
Честито Катар! Ти навистина го направи она што рече дека ќе го направиш. Многу сум среќна. Фала му на Господ!

Во друг твит, таа посочи:

مره عجبوني قطر ومره عجبني إن قطر فازت ومره عجبني الإصرار والعمل شي مره حلو
Импресионирана сум од Катар и задоволна што Катар победи. Им се восхитувам на посветеноста и трудот. Ова е нешто навистина добро.

А од Кобар (Khobar), Саудиска Арабија, @3абдулазиз (@3abdulaziz) напиша:

Во 2022 г. ќе имам 47 години хе хе хе, можеби ќе бидам намуртен и нема да сакам фудбал тогаш 🙂

Во врска со трудот на катарското владејачко семејство да ја добие организацијата, Мишаал Ал Гергави (Mishaal Al Gergawi) од ОАЕ забележа:

Едно нешто е јасно: Ал Танците (the Al Thanis) се заливските Медичи и Рокфелерови во едно.

Исто така во ОАЕ Јасер Хареб (Yasser Hareb) предложи:

Денешниот ден треба да се прогласи за нов државен празник на 🙂

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.