Само што лансиравме страница за онлајн донации [1] и се надеваме дека вие ќе го поддржите Global Voices со финансиски подарок. До сега нашите спонзори ни помагаа да стигнеме до тука, но потребна ни е дополнителна поддршка од индивидуални донатори со цел да останеме независни, слободни и постојани, особено во овие тешки времиња.
Овој месец ќе се обележат четири години откако група на блогери од целиот свет се собраа на Универзитетот Харвард [2] за да зборуваат за тоа како блоговите и други иновативни технологии може да ја подобрат глобалната онлајн дискусија и политичко застапување, што резултираше со формирање на Global Voices. Денес, ние сме глобална заедница со повеќе од 150 активни волонтери автори и преведувачи и повеќе од 20 регионални и јазични уредници кои работат како хонорарци и на половина работно време и сме водечки медиумски сајт за вести за гласовите од земјите во развој.
[1]Вашата донација [1] ќе биде поддршка за нашите автори и преведувачи кои работат постојано за да ви овозможат новости од конфликтите, природните катастрофи и од првите редови на битките за слобода на говорот.
Дури и мал придонес [1] ќе помогне во плаќањето на трошоците за серверите, месечните придонеси за уредниците и малиот персонал.
Дополнителни средства ќе ни помогнат да продолжиме со активно преведување на нашата содржина на повеќе од 15 јазици и да додаваме нови јазици, со што се овозможува индивидуалисти и медиумски професионалци од целиот свет да имаат пристап до различни гласови кои доаѓаат од граѓанските медиуми во време кога известувањето на интернационалните вести е под сериозни закани.
Донирајте за Global Voices [1] и покажете ја вашата решителност да помогнете во проширувањето на приказните, фотографии и видеа на луѓето од целиот свет кои го користат интернетот за да комуницираат со нивните светски сограѓани.
Ви благодариме!