Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Задржи го гласот на светот – донирај за Global Voices!

Само што лансиравме страница за онлајн донации и се надеваме дека вие ќе го поддржите Global Voices со финансиски подарок. До сега нашите спонзори ни помагаа да стигнеме до тука, но потребна ни е дополнителна поддршка од индивидуални донатори со цел да останеме независни, слободни и постојани, особено во овие тешки времиња.

Овој месец ќе се обележат четири години откако група на блогери од целиот свет се собраа на Универзитетот Харвард за да зборуваат за тоа како блоговите и други иновативни технологии може да ја подобрат глобалната онлајн дискусија и политичко застапување, што резултираше со формирање на Global Voices. Денес, ние сме глобална заедница со повеќе од 150 активни волонтери автори и преведувачи и повеќе од 20 регионални и јазични уредници кои работат како хонорарци и на половина работно време и сме водечки медиумски сајт за вести за гласовите од земјите во развој.

Вашата донација ќе биде поддршка за нашите автори и преведувачи кои работат постојано за да ви овозможат новости од конфликтите, природните катастрофи и од првите редови на битките за слобода на говорот.

Дури и мал придонес ќе помогне во плаќањето на трошоците за серверите, месечните придонеси за уредниците и малиот персонал.

Дополнителни средства ќе ни помогнат да продолжиме со активно преведување на нашата содржина на повеќе од 15 јазици и да додаваме нови јазици, со што се овозможува индивидуалисти и медиумски професионалци од целиот свет да имаат пристап до различни гласови кои доаѓаат од граѓанските медиуми во време кога известувањето на интернационалните вести е под сериозни закани.

Донирајте за Global Voices и покажете ја вашата решителност да помогнете во проширувањето на приказните, фотографии и видеа на луѓето од целиот свет кои го користат интернетот за да комуницираат со нивните светски сограѓани.

Ви благодариме!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.