- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Донирајте за Глобалните гласови (Global Voices)!

Категории: Западна Европа, Источна Азија, Источна и Централна Европа, Јужна Азија, Кариби, Латинска Америка, Океанија, Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Супсахарска Африка, Централна Азија и Кавказ, Граѓански медиуми

2011та беше извонредна година за онлајн содржините. Global Voices (глобалните гласови) ги покриваше револуциите како што започнуваа, диктатурите кои се рушеа и со помош на мрежата овие информации се пренесоа до градовите и населбите на нашите соработници, кои известуваат од целиот свет.

Global Voices poster

Да ја прославиме оваа извонредна година за нас, заедно со нашите пријатели од Morningside Analytics [1], создадовме постер кој ги визуелизира “внимателни кластери” од блогери кои линкуваат до Global Voices и цитираат слична онлајн содржина. Фотографијата која е резултат од оваа активност го прикажува делокругот на заедницата на Global Voices и го претвара во уметност, со што се комеморира една важна година во историјата и влијанието на граѓанските медиуми. Постерот [2] е достапен на секој кој ќе донира [2] 25 долари или повеќе. Резервирајте ваша копија преку овој линк [2]. Ние ќе ви го испратиме постерот во јануари 2012.


Дури и да не сакате постер, би сакале да ја добиеме вашата поддршка. Регуларните донации [3] се ослободени од данок во САД и може да се извршат преку нашата страница за донирање [3]. Исто така, може да не поддржете и со тоа што ќе го споделете овој пост со вашите мрежи на пријатели, роднини и колеги!

Global Voices е зедница од волонтери со преку 500 автори, преведувачи и активисти, кои ви пренесуваат приказни и конверзации од целиот свет, кои не се покриени од другите медиуми. Погледнете го нашето ново видео во кое се прикажани фотографии и цитати од некои од нашите поддржувачи:

Global Voices е центарот на навистина глобална конверзација и вашата поддршка ни помага во тоа. Ви благодариме!