- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Треба ли Бангладеш да испрати војници во Авганистан?

Категории: Јужна Азија, Бангладеш, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Политика
[1]

Членови на баталјонот од Бангладеш во мисијата на ОН во Либерија (ОНМВЛ). Фотографија од Обединети нации на Фликр. CC BY-NC-ND

Армијата на Бангладеш се здоби со својата репутација со учеството во различни мировни операции на ОН [2] низ светот од 1988 година. Со вкупно 10.855 распореден воен персонал, Бангладеш е на прво место во придонесот со војници [3] во различни мировни мисии на ОН ширум светот.

Сепак пред извесно време земјата доби невообичаено барање за војници. Фахим Аидер од блогот за Надворешни Работи на Бангладеш извести [4]:

Ричард Холбрук, специјалниот претставник на САД за Авганистан и Пакистан упати барање до министерот за надворешни работи Дипи Мони за испраќање на војници во Авганистан за спречување на напредокот на Талибанците.

Барањето во Бангладеш беше примено со различни реакции, сепак, заканата од Талибанците уште повеќе го комплицираше проблемот. АСП ја цитираше изјавата на Талибанците од една веб страница: [5]

(Ние) веруваме дека лидерот на Бангладеш има доволно исламско познавање и политичка мудрост да не го вклучува својот народ во борба против Исламот и против авганистанскиот народ со испраќање на стотина војници во Авганистан,

Јавното расположение е воглавно против овој потег што се гледа во други колумни по весниците. Поранешниот дописник на Би Би Си во Бангладеш Атаус Самад смета [6] дека ова може да доведе до јавен немир и да донесе непосакувани непријатели како Талибанците во Бангладеш. Поранешниот генерал М.Харун ор Рашид забележува дека [7] нема мировни сили на ОН во Авганистан туку, таму функционираат НАТО структурите. Бангладеш не е членка на НАТО, па нема смисла да се приклучат на нивните сили.

Бангладешките „кибер граѓани” исто така дискутираат за прашањето. Кази Мамун смета дека [8] Бангладеш треба да земе во предвид она што авганистанската влада сака. Тој не е сигурен дали Бангладеш треба да ја одбие понудата и да биде обвинет за стоење на страната на радикалите или да испрати ограничен број на војници и да ги поддржи војната и теророт и авганистанската кауза.

Дхибор од Somewhereinblog споменува [9] дека многу европски држави почнале со повлекувањето на своите војници од Авганистан. Тој се чуди зошто САД не бараат повеќе војници од Индија или Пакистан.

Гауранго Кармакар, во коментар [10] на натписот на Махасачиб на Нагорикблог вели:

বাংলাদেশের সৈন্যদের যেহেতু কোনো কাজ নেই,তাই তারা সেখানে যেতে পারে। কিছু টাকা পয়সা আসলো। সৈন্য সামন্ত আফগান থেকে উঠিয়ে নেয়া হবে একটি মস্তবড় ভুল সিদ্ধান্ত।অন্ধ ধর্মীয় গুরুরা আবার মাথা চাড়া দিবে।সেই সুযোগ কাউকে আর দেয়া যায় না।

Бидејќи војниците на Бангладеш немаат доволно ангажмани, можат до одат таму. Можат барем пари да заработат. Повлекувањето на (НАТО) војниците ќе биде голема грешка. Фанатичните религиски водачи повторно ќе се вратат. Не смееме да дозволиме тоа да се случи.

Ленин Хаидер го коментира овој натпис:

বাংলাদেশের ক্ষেত্রে মানুষের চিন্তা চেতনাকে ভাবতে হবে। আমার ধারনা আওয়ামীলীগ কোনোভাবেই সৈন্য পাঠাবে না আগামী ভোটের কথা চিন্তা করে। কারন তখন জামাত আর তালেবান সমর্থকরা ৫ম সংশোধনী ও আফগানে সৈন্য পাঠানোকে এক করে প্রপাগান্ডা ছড়াবে যে আওয়ামীলীগ যে ইসলামের বিরুদ্ধে তার প্রমাণ হিসেবে।

Треба да го процениме расположението на жителите на Бангладеш. Сметам дека владата на Авами Лигата никогаш нема да испрати војници земајќи ги предвид претстојните избори. Затоа што тоа би било можност за пропаганда на „Џамеет е Ислами” (десничарска исламистичка политичка партија) и талибанските миротворци. Тие ќе речат дека владата на Авами лигата работи против исламот нагласувајќи го испраќањето на војници во Авганистан и петтиот амандман од Уставот (враќање на секуларниот устав).

Изгледа дека ќе биде многу тешко за владата на Бангладеш да го прифати предлогот на САД и да испрати војници во Авганистан. Но, идеолошки Бангладеш ја подржува војната против тероризмот што се гледа од борбата против радикалите [11].