- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Африка: Африканците споделуваат спомени од детството онлајн

Категории: Супсахарска Африка, Етиопија, Кенија, Либерија, Нигерија, Уганда, Граѓански медиуми, Јазик, Младина, Образование, Туризам, Уметност и култура

Тоа африканско девојче [1] е блог со серија на статии напишани од страна на Африканци низ целиот свет за нивното детство. Станува збор за блог во кој се зборува за растењето во африканско семејство и учењето да се живее во два света. Блогерите кои ги споделуваат нивните спомени живееле и во Африка и на Западот.

Блогот беше создаден од Макафуи Фиави и Адеи Тешоме. Макафуи е родена во Того а израснала во САД, а Адеи е млада Етиопјанка – Американка.

Ова е воведот [2] на Макафуи:

За време на студентските години, многу луѓе се обидуваат да се разберат себеси и своето место на овој свет. Многумина се обидуваат да го сторат тоа преку различни идентитети, или проучувајќи различни општествени кругови и идеологии. За мене, 4-те години донесоа истражување на моите подидентитети и силна желба да научам како да живеам помеѓу два света. Со тоа што бев родена и изгледана во Того, а растев во САД добив желба да истражам и разберам разни култури, да слушам приказни и да учам за тоа што ги спојува луѓето. Тоа африканско девојче (ТАД) е врв на идеи, разговори и желба да се продолжи со учење и споделување. Овде споделувам во врска со нештата, луѓето, местата, приказните, соништата и страстите кои ме инспирираат.

Адеи Тешоме го смета блогот како [2] „место за вкрстување на културно-вкрстените, со различни интереси, одбрани деца како нас да ги изнесат своите мисли“:

Кога за првпат се согласив да придонесам за овој блог, бев супер инспирирана од идејата на Мак – место за културно вкрстување, различен интерес, избрани деца како нас да споделуваат мисли. И како што јас сакам да кажам, заради тоа сме пријатели. Таа има големо чувство за самоизразување и многу одлични перспективи за споделување. И ми се допаѓаше помислата дека сум дел од тоа. Тоа е она што ќе се обидам да бидам за овој блог – млада Етиопјанка – Американка, од неодамна (во тек) дипломирана на колеџ, која се обидува да го пронајде своето место и да го добие своето знаење во животот, која може да подари два цента понекогаш.

Лиз А. е придонесувач од Уганда/Кенија која што живее во САД. Ова се нејзините спомени од детството [3]:

1) Бев тепана по казна. Секогаш ми беше интересно кога моите бели или азиски пријатели зборуваа за тоа како им велеле да седат во аголот, или ги испраќале во своите соби по казна. Нас не тепаа. Мајка ми обично ќе земеше многу тенки гранки кои паднале од дрвјата, а татко ми подебели, понекогаш не праќаа да ги донесеме и самите, и не удираа неколкупати по листовите на нашите нозе.

Во Америка, се чини дека во таков случај ќе биде повикана социјалната служба да ја разгледа ситуацијата или овде децата чувствуваат некој вид огорченост кон своите родители поради тоа.