Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кореја: Можната вулканска ерупција на планината Баекду ги вознемири корејските граѓани

Во Јужна Кореjа, постои голема загриженост кај јавноста за можна ерупција на вулканската планина Баекду (Baekdu), која се наоѓа на границата помеѓу Северна Кореја и Кина. Експертите предвидуваат дека штетите од можна ерупција на Баекду би биле десет до сто пати поголеми од оние предизвикани од ерупциите во Исланд од април 2010 година. Пепелта од вулканите може да предизвика масовен прекин на авионските летови, да го отежни  растот на растенијата и да ја попречи работата на  понапредните уреди. Еден милион тони вода на врвот на Баекду може  да предизвикат поплава во веќе осиромашениот северен крај и тоа да биде причина за иселување на  неколку илјадници жители.

Баекду е највисоката планина и во Јужна и Северна Кореја и ја дели границата со Кина. Според неодамнешни топографски знаци и сателитски снимки на планината Баекду е забележана зголемена вулканска  активност и експертите предупредија дека активното јадро на планината може да еруптира во блиска иднина. Неколку корејски експерти го одредија датумот на настанот во 2012 или 2014 година. На Баекду последен пат имаше ерупција  во 1903 година.

Слика од врвот на планината Баекду, поседуван аод Бдмпас (Bdpmas) ризницата на Викимедија (Wikimedia) ГНУ-ова лиценца за слободна документација

Статиите на Ластуиш 7 (Lastwish 7) за наредни ерупции добија над 200 коментари, од кои повеќето имаат логика:

ID: 메르메츠: 우리나라로 날아오는 화산재는 매우 심각합니다. “아, 마스크 끼고 다니면 괜찮겠지.” 요정도 아니란 겁니다. 우선 우리나라는 반도체, 자동차로 살아먹는 나라입니다. 반도체, 자동차는 정말 장비들이 필요하고 조그마한 먼지 하나 들어가도 고장을 일으킬 수 있는 그런 장비들이죠.
ID zz8269: …폭발 시 지진 강도 7이상이면 서울 경기 인천 전남 등등 건물 균열 일어나고요…그것보다 화산재랑 유해가스(가) 제일 무서운 것임…살에 닿으면 병 걸려서 방독 마스크에 방면 복 완장하지 않으면 외출 못하고요 집에 창들에 테이프 붙여야 되고 전기 끊겨서 건전지 들어가는 라디오 준비해야 됨.
ID 예언자: 설마 마야인들이 예고했던 2012년 12월 21일 멸망의 날이 이 백두산 땜에 되는 건가!!!

Мермец (Mermetz): Кога вулканската пепел доаѓа кон нас, тоа не е работа за која треба да се шегуваме. Многу е посериозно отколку едноставно да речеме : ‘Добро, ќе биде добро ако носам маска’. Кореја заработува најголем дел од нејзините приходи со продавање на полу-проводници и коли кои се уреди кои бараат висока прецизност (за нивно производство). Функционирањето на овие уреди може да биде запрено дури и од една мала прашинка.
сс8296: Кога јачината на земјотрес според ерупцијата е повисок од 7 степени, ќе се појават (помали) пукнатини на објектите во Сеул, провинцијата Кјунги (Kyunggi), градот Инчеон (Incheon), провинцијата Џеонам (Jeonnam)  и.т.н. вулканскиот пепел  и отровниот гас се најзастрашувачката опасност од една ерупција. Кога нашата кожа е подложна на овие работи  ние  можеме лесно да се разболиме. (Во случај на ерупција) ние не смееме  да одиме надвор без гас маска, исто така, треба да ги заштитиме и рамките од прозорците со леплива трака и  да имаме радио на батерии во случај на можно исклучување на струјата.
Yehunja (‘пророк’ на англиски): Денот кога ќе се случи ерупцијата најверојатно ќе биде судниот ден, 21 декември 2010, како што предвиделе Маите.

Многу Корејци беа длабоко загрижени за страшните последици од голема ерупција врз борбените Северно Корејци, кои ќе добијат целосен ексползивен бран од планината Баекду. Блогерот Јинкиу01 (Jinkyu01) изработи сценарио за можна пост-ерупција. Кога вулканскиот пепел ќе ја достигне стратосферата, блокирајќи и рефлектирајќи ги сончевите зраци, температурата може да падне на точка која може штетно да влијае врз растенијата и понатамошно влошување на и онака лошата ситуација со храната во Северна Кореја. Ако ерупцијата се случи во зима, опасноста ќе биде најголема затоа што јаките ветрови од запад и север можат да го носат вулканскиот пепел дури до градовите на југ и да предизвикаат промени во количината на род на зеленчук и залиха на риба, со ефект кој ќе одговара со валутата на пазарот.

Блогерот додаде дека после многуте катастрофи ќе настане голем хаос и ќе има доста јавни нереди, мислење кое го делат многу експерти од Северна Кореја:

또 하나 주의해야 할 점은 북한의 움직임이다. 큰 피해로 인해서 북한은 원조를 요청할 것이고, 이미 내부적으로 동요되고 있는 북한의 정세에서는 백두산 폭발이 도화선으로 작용해 현 정권에 반감을 가지는 주민들의 생각이 행동으로 옮겨질 가능성을 배제할 수 없다. 즉, 한반도는 정치적으로 매우 불안정한 상황에 놓이게 될 가능성이 있다는 것이다.

Ние мора да внимаваме на потегот на Северна Кореја после ерупцијата. Ако има тешки незгоди и големи оштетувања тие ќе бараат меѓународна помош. Освен тоа, ерупцијата може да предизвика и анти-владино дејствување од страна на јавноста на Северна Кореја бидејќи многу од нив почнаа да се разочаруваат од ваквиот режим. Со други зборови, постои веројатност да видиме како политиката на Северна Кореја постанува многу нестабилна.

Иако претпоставките за ерупција се зголемуваат, кредибилитетот на таа информација е веќе доведен во прашање. Недостатокот од истражени податоци за активноста на вулканите на планината Баекду, предизвикан од самостојноста на владата на Северна Кореја, меѓународните конфликти на границата со Кина и нејзината влада која не учествува во политиката, придонесуваат за поголема збунетост. Локалните медиуми претераа во голема мера за резултатите од истражувањето и истите беа обвинети за зголемување на стравот кај јавноста. Весникот на Јужна Кореа Ханкиорех (Hankyoreh), изјави дека сторијата за тоа дека 2014 е судната година е настан создаден од медиумите. Овластеното лице за планината Баекду, Јун Сунг-Hyo (Yoon Sung-Hyo), во интервју за Ханкиорех изјави дека бил погрешно разбран. Јун дури потврди и дека планината Баекду е навистина активна вулканска планина на којашто која може да има ерупција и дека никој нема доволно податоци за  да ја посочи точната година на ерупција.

Земајќи го во предвид тоа што вулканската пепел од Ирска го покри целиот европски континент, можно е последиците од Бакеду да се почуствуваат не само во двете Кореи и пограничните градови на Кина туку и низ цела Кина, Јапонија и соседните азиски земји. Блогерот Капитан (Capitan) ги повика владите да основаат заеднички тим за истражување и да промовираат мегудржавна соработка:

한국에서도 일본에서도 백두산 화산 폭발에 대해 우려를 보내고 있지만 중국학계에서는 정부의 지침에 따라 백두산 화산 활동 관련 자료를 공유하지 않고 있다고 한다…백두산 화산 활동 관련 연구를 남북한 그리고 중국이 공동 조사팀을 만들어서 정말 앞으로 어떤 사태가 벌어질 것인지에 대한 분명한 조사 및 조기 경보 체제를 만들 필요가 있다고 생각한다. 만일 이 위험지대에 중국이 원전(원자력 발전소) 6기를 건설하고 가동시킨다면 백두산 화산이 폭발할 경우 체르노빌 원전사고 보다 끔찍한 재앙, 참사가 될 것이다.

Иако Јужна Кореја и Јапонија изјавуваат грижа за можна ерупција на Баекду, кинеските академици, водени од владата, не ги делат своите извори за вулканските активности на планината Баекду со другите. Ние треба да создадеме  заеднички тим за истражување на вулканската активност на планината Баекду, во кој ќе влезат Јужна Кореја, Северна Кореја и експерти од Кина, за да се направи јасно истражување за идните сценарија и да се постави нов систем за тревога во случај на вулкански активности. Ако некогаш Кина постави 6 нуклеарни централи во опасната зона (како што и планира да направи), ерупцијата на планината Баекду ќе се претвори во вистинска катастрофа поразурнувачка и од катастрофата во Чернобил.

За среќа, владата на Јужна Кореја  во вторникот изјави дека можеби ќе отпочне владина задача со што ќе преземе  мерки за да се справи со вулканската активност на Баекду. И според агенцијата за новости на Јужна Кореја, Јонхап (Yonhap), управата за земјотреси на Кина во вторникот ветила дека ќе и пренесе информации на управата за метеорологија на Кореја. Во меѓувреме, НК Инсајд (NKInside), јужнокорејска веб страна која нуди поопширни анализи за проблемите на Јужна Кореа, се доближи до можната катастрофа од аспект на „Кармата”:

또 북한의 핵실험에 대한 후과일 수도 있다는 전문가의 의견도 있다. 직접적인 연관성을 찾기는 상당히 여러울 것이다. 하지만 추측할 수 있는 건, 북한에서 핵실험과 미사일 개발 등 나쁜 짓을 하도 많이 하다 보니 대지의 신 가이아가 놀라셨을 수도 있다.

Некои експерти велат дека идната ерупција е резултат на нуклеарните проби на Северна Кореја. Ќе биде тешко да се разјасни тоа што ги поврзува ерупцијата со поранешните нуклеарни проби на Северна Кореја. Но, она што може да се земе како целина е дека мајката земја (Mother Gaia) можеби била шокирана од лошите дела  на Северна Кореја, како нуклеарни проби и конструирање на ракети.

Друга теорија го наведува кинескиот земјотрес во 2002 година како главен фактор за реактивирање на вулканската природа на планината. Можеби ќе треба време за да се потврдат причините за неодамнешните вулкански активности на Баекду, но решението веќе беше понудено. Навистина, искрена меѓународна соработка е секогаш најдоброто и единствено решение на проблемите од светски рамки. Можеби ќе биде потешко да се постигне тоа, одошто да се нареди на вулканот да престане да дише.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.