- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ретроспектива – 9/11: Раѓањето на една генерација

Категории: Источна и Централна Европа, Латинска Америка, Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Мексико, САД, Унгарија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Историја, Меѓународни односи, Младина, Политика

Овој прилог е дел од нашата специјална репортажа Глобал војсис Ретроспектива 9/11 [1].

New York 9/11 Museum, photo by PeterJBellis (CC-BY) [2]

Музејот 9/11 во Њујорк , фотографија од Питер Џ. Белис (CC-BY)

Музејот 9/11 во Њујорк [2]

Веќе поминаа десет години од серијата напади од страна на Ал-Каеда врз САД на 9 септември. Овој настан го промени начинот на интеракција меѓу Западот и Блискиот Исток, се промени мислењето за исламот, и доведе до нови ограничувања на патувањата и граничните премини. Млади луѓе од светот ова го дискутираа преку серија од кратки видеа [3], во кои станува збор за годините што доаѓаат во ерата по 9/11.

Салма Елшаншори [4] живееше во Тексас за време на нападите. Како муслиманска Американка, таа исто така ги почувствува и негативните стереотипи кои се резултат на простотијата, како и поддршката, учтивоста и великодушноста на заедницата која се здружи за да им помогне на странците по нападот. Таа повеќе би сакала да ја гледа својата генерација, како генерација каде луѓето научиле да стојат до странците и да се соочат со несигурноста и да реагираат позитивно на работите.

Хишам Алмират од Мароко [5] [Забелешка: Хишам е соработник на Глобал Војсис Онлајн [6]] се почувствувал погрешно претставен како муслиман и Арап, не само од страна на Владата, која не призна дека постојат луѓе кои не го поддржуваат нападот, туку и од страна на медиумите и самите напаѓачи, кои изјавија дека дејствувале во име на Арапите. Десет години подоцна, тој гледа намалување на популарноста на арапските автократски режими, фанатизмот и екстремизмот, како и пораст на народните движења кои се борат и успеваат да ги соборат овие режими за да ги заменат со повеќе еднакво општество.

Генерација 9/11:Хисар Амират (Мароко) [7] од Британскиот совет САД [8] на Вимео [9].

Унгарецот Кристиан Гал [10] се сеќава дека пожарникарските служби и училиштата во неговиот град, и покрај географската оддалеченост од настаните, сепак презедоа мерки за спомен на оние кои го загубија нивниот живот. Тој сфати дека да се биде далеку од настаните им овозможува на луѓето да имаат различни перспективи за тоа што се случува, и преку поврзувањето со различни култури и нации подобро ќе се проникне во светската политика и меѓународните врски. Тој одлучи тоа ново размислување да го вклучи во неговата работа и живот.

Генерација9/11: Кристиан Гал (Унгарија) [11] од Британскиот совет САД [8] на Вимео [12].

Кристина Бали од Тексас [13] се сеќава како стравот насилно настапил во заедницата и како границите станале извор на опасност. Општо гледано, имигрантите станаа нешто од што треба да се плашиме, при што резултираше со конфликтна ситуација, иако напаѓачите не дојдоа преку границата Мексико-САД и заедниците немаа никаква врска со нападот. Претходната водена граница, преку која со години се вршеше културна размена, постана ѕид, и таа вели дека тоа комплетно влијаеше врз динамиката  и го промени начинот на живот во нејзиниот град.

Генерација 9/11: Кристина Бали (САД) [14] од Британскиот совет САД [8] на Вимео [12].

Повеќе видеа се достапни на веб-сајтот на проектот Генерација 9/11. [3] Проектот е здружен потфат на Нашата заедничка иднина на Британскиот совет [15] и Трансатлантска мрежа 2020 [16].

Овој прилог е дел од нашата специјална репортажа Глобал војсис Ретроспектива 9/11 [1].

Сликата покажува „WTC Tribute in Light“, 11 септември, 2008. Слика од Фликр корисникот milkmit [17] (CC BY-NC-ND 2.0).