- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мејд ин Того: 3Д-печатач направен од рециклиран е-отпад

Категории: Супсахарска Африка, Того, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Идеи, Наука, Развој, Технологија

Афате Нику [1] е ИТ-инженер од Того што сакаше да постигне две важни цели:

  1. да го направи првиот 3Д-печатач од Того, 
  2. да ја намали загрижувачкото количество на е-отпад [2] кој се носи во неговата земја. 

Еве ја презентацијата на проектот за 3Д-печатач, наречен W.AFATE:

The W.Afate 3D Printer made in Togo via ulule.com [3]

3Д-печатачот W.Afate направен во Того, преку ulule.com

А. Нику е член на Во лаб (Woe lab), креатор на колаборативен простор во Ломе, главниот град на Того. Основачот на Во лаб, Сенаме Кофи Агбоџину, го објаснува процесот на размислување на Афате за проектот [4] (на француски):

L’imprimante W.AFATE est inspirée de la Prusa Mendel [..] Afate ayant cerné le problème que posait la disponibilité d’un kit dans la concrétisation de ce projet, a initié la démarche de fabrication d’une machine autonomisante, facile à reproduire, 100% à base de recyclage et autres matériaux disponibles.

Печатачот W.AFATE е инспириран од Пруса Мендел [..] Афате идентификуваше јасен проблем: отсуството на основни алатки за да се постигне неговата цел, па реши да создаде машина која е 100% заснована на рециклирани материјали и лесно може да се реплицира.

E-отпадот е растечки проблем во Того и околните земји. Следниот инфографик го илустрира зголеменото присуство на е-отпад во регионот [5]:

E waste in africa -infography by Woe Lab with their permission [3]

Е-отпад во Африка. Инфографик од Во лаб, објавено со нивна дозвола.