Реагирајќи на тврдење од Гералд Кнаус…
Атина и Скопје се соочуваат со дилемата на затвореникот (анг. prisoner's dilemma): ако ниедна страна не верува дека решението е можно, и се однесува на тој начин, и двете страни губат.
…Жарко Трајаноски напиша на Фејсбук:
Арно ама, аналогијата со „дилемата на затвореникот“ е не само лажна, туку и многу навредлива. Атина никогаш не беше затвореник, туку затворски чувар а можеби и политички мачител во случајот. А исходот на оваа политичка тортура, потпомогната од Софија, е подемот на македонскиот етно-национализам и падот на либерализмот, демократијата и човековите права.
Подоцна тој се надоврза со обемно објаснение на со блог-пост на англиски јазик и напис на Окно, на македонски.