- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Онлајн видео натпреварот за одговорна потрошувачка доби победник

Категории: Латинска Америка, Бразил, Колумбија, Шпанија, Животна средина, Филм

натпреварЧетвртиот меѓународен онлајн натпревар на краток филм за Култура на одговорна потрошувачка, доби победник [1]. На овој натпревар [2], организиран од ECODES [3] и Генералната управа за потрошувачка на Владата на Арагон, беше отворен повик за записи на шпански од продуценти на кратки филмови од Шпанија и Латинска Америка. Од десет меѓународни финалисти [4], за победник беше избран колумбиски краток филм.

Десетте финалисти беа од различни региони од Шпанија, Бразил и Колумбија. Победничкото видео [5] кое следи: The Recicleta покажува како животот без еколошки средства може да резултира со драстични, но неизбежни дејствија.

Следниве видеа се некои од останатите финалисти. Следното видео е под наслов Plastic [6]и потекнува од Сарагоса, Шпанија. Тоа на шеговит начин ни покажува како обичните пластични кеси можат да го преземат нашиот дом. Во стан можеме да ги однесеме нашите торби било каде, но од планетата не можеме да ги преселиме.

Individual Choice [7] од Бразил беше исто така во борба за наградата. Тој ни покажува како сите одлуки кои ги донесуваме дневно, можат да бидат подобрени или променети за да бидат еколошки поодговорни:

На оваа страна [4] можете да го видите остатокот од видеата и да дознаете е повеќе за нивниот концепт и нивните автори.