Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Чиле: Студентите протестираат против намалувањето на часовите за општествени науки

Слика од авторот, Хуан Арејано

Чилеанските студенти создадоа вести благодарение на прошетка долга над илјада километри, која ја направија дел од нив во знак на протест против квалитетот и трошоците за образованието во својата земја. Но, неодамна одлуката на службениците во oбразованието да го намалат бројот на часови за општествени науки со цел да се зголемат часовите за математика и јазик, разгори дебата. Ова беше дел од образовна реформа предложена од pретседателот Себастијан Пињера и Министерството за oбразование. Една статија [шпански] на блогот Sebastián Piñera E. en la Presidencia de Chile [Себастијан Пињера во претседателство на Чиле] изјави дека проектот ќе создаде важни промени во наставната програма.

“Con este proyecto, se incrementará la subvención escolar preferencial para los alumnos más vulnerables hasta casi duplicar la subvención regular y generará cambios curriculares para fortalecer el aprendizaje, incluyendo más horas de lenguaje y matemáticas.”

“Esta reforma se hace cargo del momento, y apuesta por el uso de las nuevas tecnologías en las salas de clases y en los hogares, ya que habrá material pedagógico disponible en forma gratuita por internet”

„Со овој проект ќе можеме да ги зголемиме училишните субвенции за позагрозените ученици за речиси двојно и да направиме измени во наставната програма за да се зајакне учењето, вклучувајќи повеќе часови за јазик и математика“.

„Оваа реформа се одвива веднаш и укажува кон употребата на нови технологии во училниците и домовите, бидејќи ќе има бесплатен педагошки материјал достапен на интернет“.

Покрај овие интересни забелешки, Кристијан Кокс, директор на Центарот за политички студии и пракса во образованието [шпански] го искажа своето мислење [шпански] токму против измените во наставната програма на сметка на општествените науки, во дневниот весник Ла Терсера.

Historia y Ciencias Sociales es el área que organiza los contenidos y experiencias de aprendizaje para la convivencia con los otros, cercanos y distantes, que ofrece los relatos fundamentales de lo que somos como nación, y que genera los fundamentos tanto de la lealtad con el orden político como de su crítica. Es, en suma, el área de la experiencia escolar que forma para el civismo y la ciudadanía. Aquí no basta “dictar materia”: lo que el currículum plantea es el trabajo de documentación histórica, discusión de evidencias y marcos interpretativos, producción de ensayos y debates. Todas actividades que requieren más tiempo, no menos, que la pedagogía tradicional. Junto con el recorte objetivo de 200 horas, el mensaje es claro: la formación ciudadana no es importante.

Историја и општествените науки се области кои ги организираат содржината и искуствата на учењето за социјализација со другите, блиски и далечни и нуди основни податоци за тоа што сме ние како народ и создава принципи како што е лојалноста спрема политичкиот поредок, како и критиките за него. Сумирано,тоа е област на училишно искуство која го обликува граѓанскиот живот. Не е доволно да се диктира материјата на предметот: она што наставната програма го предлага е работење на историска документација, разгледување на докази и толковни рамки, правење на есеи и дебатирање. Сите активности кои бараат повеќе време, не помалку, токму таа традиционална педагогија. Заедно со намалувањето на 200 часови, пораката е јасна: граѓанското оформување не е важно.

Гонзало Тапиа на неговиот блог во дневниот весник Ел Диа, го изрази своето мислење во врска со целиот збир на образовни промени, од кои намалувањето на часовите претставува само дел. Тој рече [шпански]:

- Aumento en las horas de clases en Lenguaje y Matemáticas. Concuerdo plenamente con ello, es necesario, pero debe buscarse otros mecanismos para ajustar el Plan de Estudios, nunca en desmedro de la asignatura de Historia. Jamás.

- Зголемување на часовите по јазик и математика. Се согласувам безрезервно со ова, дури е и неопходно, но потребно е да бараме други механизми за приспособување на образовниот план, никогаш по цена на предметот Историја. Никогаш.

Поради сето ова, група професори, академици, студенти и елитата се согласија да учествуваат во протест [шпански] во Сантијаго, за да го изразат своето незадоволство со намалувањето на часовите по историја во училиштата. Претходните денови, други студенти од Универзитетите Ла Серена и Педро де Валдивиа маршираа [шпански] на протест поради истата причина. Со сигурност не очекуваа дека ќе бидат остро совладани од carabineros (локалната полиција). Ова се двете снимки од маршот:

Протестот заврши со 15 уапсени луѓе [шпански], иако другите изјавија дека биле само 5 [шпански]. Во претходен протест пред неколку дена, полицијата притвори еден фотограф [шпански]. Блогот Корео СР објави изјава [шпански] од Факултетот за филозофија и природни науки во Чиле во врска со маршот, каде меѓу другото вели:

Cabe señalar que los manifestantes en todo momento marcharon por la vereda del sector sur de la Alameda, tal como había sido acordado … con el Capitán Rodríguez de la Prefectura Central de Carabineros. […]

Mientras se sucedían los últimos discursos en un clima entusiasta pero sereno, una delegación de diez académicos … se dirigió a las dependencias del MINEDUC a hacer entrega de la Declaración … pero cuando se encontraban haciendo ese trámite, estallaron incidentes debido a la actitud de los efectivos de Fuerzas Especiales de Carabineros presentes en el lugar que, desconociendo el acuerdo previo … pretendieron -sin que mediara la más mínima provocación por parte de los manifestantes- que los centenares de personas reunidas en el bandejón central de la Alameda despejaran el lugar.

Testigos presenciales, entre ellos varios académicos de la Universidad de Chile y de otras universidades, aseveran que apenas la delegación de profesores se encaminó al Ministerio, los carabineros empezaron a hacer uso del carro lanzaaguas y de gases lagrimógenos para disolver a quienes pretendían seguir manifestándose pacíficamente sin molestar ni interrumpir el tránsito de vehículos ni de peatones.

Вреди да се спомене дека оние кои што протестираа цело време маршираа покрај јужниот дел на улицата Аламеда, исто како што одобри Капетан Родригез од централното началство на полицијата…

Додека се одржуваа последните говори во еуфорична, но мирна атмосфера, група од десет академици…отидоа во управата на МИНЕДУЦ [Министерство за образование] за да ја испорачаат декларацијата… но, додека ова се случуваше, се случија неколку настани поради ставот на специјалните полициски служби кои беа присутни, но ја игнорираа спогодбата… [тие] се обидоа – без никаква провокација од протестантите – да ги натераат стотиците луѓе кои се собраа на централниот плоштад на Аламеда, да го напуштат местото.

Сведоци, меѓу кои и неколку академици од Универзитетот во Чиле и други, изјавија дека делегацијата на професори едвај почнала да оди, полицијата почнала да користи црева со вода и солзавец за да ја растераат гужвата која на мирен начин не бараше да го задева ниту прекинува протокот на возила и пешаци.

Чилеанската политичка опозиција (ла Конкретасион) силно ја критикува [шпански] образовната реформа предложена од владата на Пињера. Но, не станува збор само за самата опозиција, бидејќи во El Quinto Poder [Петтата Сила] читателите можат да ги најдат најновите статии посветени на оваа реформа под клучниот зборобразование“ и има силни аргументи за кои барем може да се размисли при примената на некои од точките на реформата. Вреди да се спомене страната на Фејсбук: No a la reduccion de horas en Historia y Ciencias Sociales [шпански] [Не за намалувањето на часовите по историја и општествени науки], која што има во моментот повеќе од 12 000 членови.

Хуан Арејано беше присутен во Сантијаго за време на протестите и ги направи овие две снимки. Оваа статија беше приспособена за Глобал Војсес; оригиналната статија може да се најде на блогот на Хуан Арејано,Глобализадо.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.