- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Киргистан „растргнат“ помеѓу Русија и Турција по тензиите од соборувањето на авионот

Категории: Киргистан, Русија, Турција, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи
Screenshot of a video of pro-Russian protesters outside the Turkish embasy in Bishkek, Kyrgyzstan.

Скриншот од видео на про-руски демонстранти пред турската амбасада во Бишкек, Киргистан.

Соборувањето [1] на рускиот бомбардер од турскиот борбен авион на 24 ноември и влошувањето [2] на односите помеѓу Русија и Турција кое следеше, доведоа до големи онлајн дебати во Централна Азија, каде граѓаните се претежно од турските јазични групи, но исто така и каде руското геополитичко и културно влијание е сеприсутно.

Киргистан, членка на Советот за соработка на земји во кои се говори турски предводен од Анкара [3] и Организацијата за колективна безбедност предводена од Москва [4], не е исклучок. Заладувањето на односите на двата клучни сојузници поставува дилема [2] на оваа сиромашна држава од шест милиони, со која досега се справуваат преку доста ироничен  [5]повик за воздржување даден од одговорниот за надворешни односи во администрацијата на претседателот Алмазбек Атамбајев.

Руските државни медиуми во меѓувреме покажаа разочарување [6] од млаките реакции од сојузниците на Кремљ.

Во киргистанското општество, реакциите се донекаде похрабри.

На 25 ноември, мала група на про-руски ориентирани Киргистанци организираа мирен собир [7] пред влезот на турската амбасада во Бишкек. Тие упатија повик до турските власти да ги изведат пред правда чинителите на соборувањето на авионот и „молете се за Владимир Путин и граѓаните на Русија пред да пристигне одмаздата за оваа грешка“.

Тие исто така го потсетија турскиот претседател Реџет Таип Ердоган дека низ историјата „Турција ја има нападнато Русија 600 пати и има изгубено секој пат“ — и не целосно сеќавање на воените средби [8] на овој пар држави.

Појавувањето на видеото од собирот на социјалните мрежи поттикна „загреани“ коментари на Фејсбук и во деловите за дискусија на веб сајтовите во Киргистан. Некои од „поладните“ коментари може да прочитате подолу:

Турки, туркмены и кыргызы – братья. Россия нам чужда

Турците, Туркменистанците, и Киргистанците се браќа. Русија е нешто друго.

Тюркские страны должны поддерживать друг друга у нас все одно и тоже религия, культура, история, язык ( Азербайджан, Казахстан, Кыргызстан, Турция, Туркменистан, Узбекистан)!!!! [9]

Турските држави ќе се поддржуваат една со друга. Ние сме едно. Ние делиме иста религија, култура, историја, и јазик. Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Турција, Туркменистан, Узбекистан!!!

Где была Турция когда кыргызы нищенствовали. Где была Турция когда кыргызы повально были неучами. Чынгыз Айтматов, Усубалиев, Кулатов, и все прогрессивные верхи кыргызов появились благодоря братской помощи Русского народа. Это говорю я, настоящий кыргыз. Турки нам не браться. Нам братья русские которые ни когда нас не продадут [10].

Каде беше Турција кога Киргистанците просеа? Каде беше Турција кога Киргистанците сите беа неписмени? Чингиз Аитматов [11], [Турдакун] Усубалијев [12], [Турабај] Кулатров, и сите други прогресивни јавни фигури од Киргистан се појавија благодарение на братска помош на рускиот народ. Ова е тоа во што јас, вистински Киргистанец, верувам. Турците не се наши браќа. Наши браќа се Русите, кои никогаш нема да не предадат.

Еден коментатор на Фејсбук страницата на порталот за вести „Zanoza.kg“ ги припиша [13] протестите на руската пропаганда, која особено силно можеше да се почувствува во Киргистан во пресрет на воениот кофликт во Украина поддржан од Русија:

Как же сильно действует Российская пропаганда. Они просто зомбируют людей. Люди видят в Путине Бога. Хорошо бы отключить все российские каналы.

Колку навистина е силно влијанието на руската пропаганда. Ова се само „зомби“ луѓе. Луѓето гледаат на Путин како на Бог. Добра идеја би било да се деактивираат сите руски ТВ канали.

Додека Елзат Исмаилбекова одговори [9]:

Кыргызстан является членом ОДКБ, и в случае военной угрозы все националисты и американизированные псевдопатриоты будут ждать помощи именно от России. И она поможет, не потому что Путин бог и царь, а просто потому что безопасность в Центральной Азии это приоритетное направление российской нац безопасности. Мы “мягкое подбрюшье” России.
Безусловно митинговать у турецкого посольства глупо , но писать в комментах пошла на .. Россия мы сами с усами это идиотизм

Киргистан е членка на Организацијата за колективна безбедност, и во случај на воена закана сите националисти и американизирани псевдо-патриоти ќе очекуваат помош од Русија. И [Русија] ќе помогне, не бидејќи Путин е Бог или Цар, но бидејќи безбедноста на Централна Азија е еден од приоритетите на Руската државна безбедност. Ние сме „слабата точка“ на Русија. Се разбира, смешно е да се протестира пред турската амбасада, но и да се пишуваат и овие коментари дека Русија треба да не остави се идиотизам.

На 26 ноември, имаше втора демонстрација [14], исто така пред турската амбасада, изведена од само еден демонстрант.

Демонстрантот ги изрази своите грижи за безвизниот режим помеѓу Киргистан и Турција, жалејќи се дека терористи би можеле слободно да влезат во државата и да го дестабилизираат целиот регион, бидејќи „Ердоган е поддржувач на тероризмот“.

Конечно, на 27 ноември, друга група на демонстранти предводена од Игор Трофимов, главен на про-руската [15] лоби група, и Клара Аџибекова, фанатикот по теории на заговор, претседателка на Комунистичката партија во Киргистан, се собраа [10] пред амбасадата на Турција да ги повикаат киргистанските власти да ги прекинат дипломатските односи со Анкара.

За киргистанските политички лидери, дипломатскиот ќорсокак стана уште понепријатен на 28 ноември, кога Русија најави повеќе политички и економски санкции [16] против Турција. Киргистан, како новопримена членка [17] на трговската заедница, Московската Еуроазиска Економска Унија [18], би можела наскоро да се соочи со дилемата за тоа дали и како би учествувала во овие санкции.

Идентитетската криза која тлее во оваа осиромашена Централно Азиска држава се однесува поточно и на претседателот Атамбајев, кој течно говори руски и турски јазик, и кој во минатото покажувал повремено „стегнато“ [19] восхитување [20] и од Путин и од Ердоган.