Канадско првенче: Сомалиски имигрант стана пратеник во парламентот

Justin Trudeau on the campaign trail, visiting then-candidate Ahmed Hussen in his Toronto district. Ahmed Hussen won the race, becoming Canada's first member of parliament of Somali descent.  Credit: Adam Scotti. Used with PRI's permission.

Џастин Трудо за време на кампањата, во посета на тогаш-кандидатот Ахмед Хусен во неговата ИО во Торонто. Ахмед Хусен победи во трката, станувајќи првиот пратеник во канадскиот парламент со сомалиско потекло. Фотографија на: Адам Скоти. Искористено со PRI дозвола.

Овој напис и радио извештај на Керол Хилс за The World (Светот) првично се објави на PRI.org на 22 октомври, 2015, и е реобјавен овде како дел од договорот за споделување содржини.

Во 1993, Ахмед Хусен пристигнал во Канада сам, 16 годишен бегалец од Сомалија. Оваа недела, адвокатот и татко на две деца стана пратеник во парламентот на Канада, првиот член на оваа институција од сомалиско потекло.

„Мислам дека ова е чекорење нанапред,“ рече тој. „Ова покажува дека Канада е една од најдобрите земји во светот каде можете брзо да се интергрирате во мејнстримот и да се остварите себеси.“

Хусен ќе ја претставува ИО York South-Weston, претежно имигрантска област во Торонто. Канада е дом на околу 150,000 сомалиски Канаѓани. „За заедница која е релативно нова и изолирана, јас мислам дека многу Канаѓани со сомалиско потекло и многу млади луѓе со кои сум соработувал гледаат на оваа победа како испирација да постигнуваат повеќе.”

Патот на Хусен до парламентот потсетува на приказната на Хорацио Алжер-во-Канада. Откако пристигнал во Канада како тинејџер, Хусен го завршил средното училиште, живеел со членови на семејството во социјални станови и работел на нископлатени работни места штедејќи пари за колеџ. Тој исто така волонтирал за локални политичари. Тоа довело до препорака за платена работа и конечно Хусен добил понуда за работа за кандидат на Либералната партија кој потоа станал премиер на Онтарио. Тој го напуштил тоа работно место за да стане претседател на Канадскиот сомалиски конгрес и организација на заедницата. Но Хусен е цврст: „Прво сум Канаѓанец, потоа Сомалиец.”

Доколку Америка е позната како средина на претопување, Канада задржува друга метафора: мозаик.

„Средина на претопување значи доаѓаш и сите се губите во една џиновска дупка,” вели Хусен. „Во Канада, ги охрабруваме луѓето да ја ценат нивната култура и наследство но исто така да се обидат да ги примат и вообичаените канадски вредности, како што е почитта кон човековите права, почитта кон малцинствата.”

Како и САД, во Канада има луѓе од целиот свет и Хусен вели дека силината на државата доаѓа токму од таа разноликост.  „За разлика од други држави кои се распарчуваат поради разликите во религијата и националноста, Канада некако успева во генерална смисла да остане силна и обединета и покрај тие разлики.”

Ахмед Хусен вели дека канадско-сомалиската заедница со себе ги носи силните страни. „Постои многу богата историја на претприемништво уште од Сомалија, волја за преземање бизнис ризици на места кои се “отпишани”. Тие тоа го донесоа и во Канада.” Хусен вели Во Едмонтон, Алберта, сомалиските Канаѓани заживеаја цели населби, отворајќи мали бизниси, ресторани и продавници.

Канадско-сомалиската заедница не е без своите проблеми. Тука е невработеноста, сиромаштијата и насилство кај младите. Канадските власти велат дека пресретнале или интервенирале во одреден број случаи во кои млади од Канада се упатувале да се приклучат на милитантската организација базирана во Сомалија, Ал-Шабаб. Но Хусен вели дека овие бројки се многу мали. „Мнозинството од заедницата се движи напред. Тие се интегрираат. Младите дипломираат од колеџи и универзитети. Во пораст е нивниот пристап до работни места и професии.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.