- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мароканска моторизирана поворка на кралот прегази пешак

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Граѓански медиуми, Меѓународни односи

Мароканците споделуваат линкови до видео на кое се прикажува возило кое е дел од кралската моторизирана поворка која го придружува мароканскиот Крал Мухамед VI како прегазува човек во Танџиер за време на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Самиа Еразоуки твитна:

Видео снимка која прикажува како кралската придружба прегази човек во Танџиер за време на посетата на Франсоа Оланд https://t.co/1qwEy8fSBL [1]

— Самиа Еразоуки (@charquaouia) 21 септември, 2015 [2]

Оланд беше во Мароко на дводневна посета [3] и беше пречекан од мароканскиот Крал Мухамед VI во саботата. Видеото прикажува како возило од придружбата со отворени врати прегазува набљудувач само моменти по поминувањето на Кралот и неговите гости. Толпата која мафта и навива одеднаш почнува да вреска.

Видеото беше прикачено од Tanja7.com на Јутјуб и досега е прегледано повеќе од 31,000 пати.

Не е јасно што се случи со набљудувачот.