- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Српска владина агенција објавила лични податоци на 5 милиони граѓани

Категории: Србија, Владеење, Граѓански медиуми, Закон, Најважни вести, Човекови права
Screenshot of part of the documents containing personal information of citizens that were available on the official site of the Privatization Agency of the Republic of Serbia. Image by SHARE Foundation, used with permission.

Снимка на екранот на дел од документите кои содржат лични податоци на граѓани кои биле достапни на официјалниот веб-сајт на Агенцијата за приватизација на Република Србија. Слика од Фондација „Шер“ (SHARE Foundation), употребена со дозвола.

Еден линк од официјалниот веб-сајт на Агенцијата за приватизација на Република Србија почна да кружи по социјалните мрежи на почетокот на декември 2014. Линкот водеше до податотеки со текст големи 19 гигабајти објавени на веб-сајтот на агенцијата, кои откриваа лични податоци за над 5 милиони српски граѓани во 2008 година кои се регистрирале за добивање бесплатни акции во државните фирми. Податотеките содржеа имиња и презимиња на лицата што се регистрирале, нивниот единствен матичен број [1] (ЕМБГ), од кој лесно може да се дознаат и датумот и местото на раѓање, како и други информации.

Линкот беше фатен на Твитер во текот на неделата на 8 декември 2014 година, од страна на правниот тим на „Шер дефенс“ (SHARE Defense [2]) , тинк-тенк во рамки на невладината организација Фондација „Шер“ која спроведува истражувања и нуди правна помош во областа на човекови и граѓански права. Тимот на фондацијата ги анализирал документите и го пријавил случајот до Комесарот за информации од  јавен карактер и заштита на приватните податоци [3] на Република Србија. Линковите беа отстранети од веб-сајтот на агенцијата попладнето на 12 декември, петок, но е невозможно да се дознае кој сè ги симнал информациите во меѓувреме.

Граѓаните почнаа да реагираат преку социјалните мрежи, при што многумина сметаат дека овој престап на владината агенција е „непростлив“. Твитот од Владан Јолер пренесува [4] еден општ впечаток:

Најголем безбедносен пропуст во сферата на заштита на информациски системи и приватноста на граѓните до сега во РС (Република Србија) @ShareConference [5] http://t.co/WO96P4IBTU [6]

— Vladan Joler (@TheCreaturesLab) December 15, 2014 [4]

Останува нејасно од која причина документите биле воопшто објавени на веб-сајтот, дали по грешка или намерно. Канцеларијата на Комесарот за информации од  јавен карактер и заштита на приватните податоци веднаш го презема случајот и се очекува да следи истрага.

Во меѓувреме, правниот тим на тинк-тенкот на Фондацијата „Шер“ предупреди дека сите кои ги симнале податоците дека било каква употреба на дел или сите тие информаци од податотеките ќе претставува кривично дело и препорача на лицата кои направиле копија од тие документи веднаш трајно да ги избришат.