Јужна Азија: Моралната страна на откривање туѓи тајни
ВикиЛикс, меѓународната непрофитабилна медиумска организација создаде бранови околу светот објавувајќи 251 287 доверливи документи, детално опишувајќи ги дописките помеѓу Владата на САД и амбасадите на САД низ светот. За многумина е позната како „Кејблгејт“ аферата. Некои блогери од Јужна Азија за брзо време ги објавија своите мислења за овој проблем.
Од Шри Ланка, Индражит Самаражива коментира:
Поголем проблем претставува тоа што Америка некое време изгледаше како добротворна велесила со повремени трагични грешки. Тие исто така имаа пари за да се поткрепуваат самите. Сепак, за време на Џорџ В. Буш, земјата стана меѓународно пакосна и главно преку лоша политика, исто така (релативно) исцрпена. Тешкиот проблем за САД во борбата против откриените тајни е дека – додека самата тајна може да бие лоша – дејностите на Америка се уште изгледаат полоши.
Индражит е исто така љубопитен да дознае што има да понуди одделот за Шри Ланка кој се уште не е објавен.
Блогерот од индиската дијаспора Супријо Чаудхури прашува за моралната страна на изложување тајни комуникации:
Мора да се покрене прашање, дали вакви откривања на тајни, без сомнение олеснети со новите технологии за информација и комуникација, е морално правилно: Навистина, може да се види дека владите водат еден вид војна на информации спрема својот граѓанин. Дали откривањата се попогрешни од самите лаги? Дојдовме во едно време каде што можеме и бараме поголема транспарентност од нашите служби, јавни организации и влади. Сепак, продолжува да постои еден вид стандарден начин на размислување во најдемократската влада од сите (која, по дефиниција и општонародна согласност, би требало да биде таа на САД), а транспарентноста и вистината сериозно се закануваат на владеењето на владата.
Пакистанското блог Кафе Пиала соединува разни извештаи од весниците за Викиликс во Пакистан. Блогот коментира:
Очигледно во Пакистан, откриените тајни директно поврзани со оваа земја се од најнепосреден интерес за граѓаните овде. Но, судејќи чисто според нивото на вести кои се со гео-стратешка важност и со огромни можни последици, зарем не би рекле дека желбата на Саудиска Арабија да го раздели Иран е малку поголема од тоа што Абдулах мисли за Зардари дека е губитник? Се разбира, ова може да е мое лично гледиште, но се уште ми изгледа интригантно тоа што никој од печатените медиуми во Пакистан не го објавува.
Фахим Хаидер на пакистанскиот блог за надворешна политика дискутира за тоа како пакистанскиот печат гледа на аферата „Кејблгејт“:
Десницата го обвинува Претседателот Зардари, покажувајќи кон укорот на Саудискиот крал Абдулах (прикриена закана?) дека „кога главата е расипана, се одразува врз целото тело“. Левицата и средината зборуваат за суверенитет како и секогаш. Како одговор, САД сакаше да продолжи со соработката со Пакистан, без притоа да се повлече од своето критикување врз владата на Зардари и без да се откаже од потезите кои наводно ги направиле против пакистанскиот нуклеарен воен комплекс.
Ди Акорн, блог за индискиот национален интерес, е вознемирен од ударот на Викиликс:
Не е јасно дали Викиликс ќе остави големи последици во светски рамки над создавањето срам за луќето и вклучените влади. Не е дека луѓето од Средниот Исток не знаеја што имале на ум нивните лидери и што мислеле за нив службениците на САД. Не е дека Кина ќе ја запре својата игра како најлош распространувач на оружје за масовно уништување само затоа што им допреле неколку кабли. Политичарите, во секој случај, имаат дебели кожи.
Она што може да се случи е да се вградат кочници во трендот на делење информации во владата и низ окружните силоси. Процес кој што започна како резултат на неуспехот на разузнавачката единица на САД за соединување податоци кои би можеле да одведат до откривање на приказната за 11 септември 2001 година – а беше усвоен од владите низ светот, вклучувајќи ја Индија – би можел да дојде до крај со злоупотреба на технологиската моќ од страна на Викиликс. „Информациското соединување“ во владите веројатно ќе биде првата жртва од војната на одговорност на г-дин Асанж.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!