Ерменија-Азербејџан: Дали културата соединува или разединува?

Со неодамнешната анкета која што покажува дека мнозинството Ерменци и Азербејџанци се против заемно пријателство, надежите за мир помеѓу двете соседни земји се навистина многу мрачни. Заглавени во ќор-сокак во врска со спорот за територијата Нагорно Карабак, обидите што следеа за посредување за мировен договор уште од примирјето, значително попуштија.

Војната која се водеше во раните 90-ти години остави зад себе 25 000 мртви и натера милиони да ги напуштат своите домови. Престрелките во првите редови продолжија да одземаат многу животи секоја година оттогаш и благодарение на секојдневна лавина од вести и мислења демонизирајќи ги другите, се чини дека ниедна страна не е  подготвена за мир. Еден од двата ко-автори на извештајот кој ја проучува улогата на медиумите во овековечувањето на конфликтот  ја сумира ситуацијата во гостински пост [АН/РУ] за мојот личен проект во врска со прекуграничната соработка и комуникација помеѓу Ерменија и Азербејџан.

[…] статистиките кои го покажуваат бројот на луќето кои го одобруваат или не се спротивставуваат на пријателството помеѓу Ерменците и Азербејџанците, многу добро го покажуваат тоа. Само 28 проценти од ерменските испитаници го одобруваат пријателството со Азербејџанците додека само 1 процент од Азербејџанците го одобруваат пријателството со Ерменците.

Сепак, иако изгледа дека непријателството против Ерменците е поизразено во Азербејџан, нестрпливоста и етничката омраза постои исто така и во Ерменија. Ова добро се докажа при неодамнешните обиди да се одржи филмски фестивал од Азербејџан во Ереван, главниот град на Ерменија. Мораше да се откаже поради силниот отпор од националистите. Пишувајќи на својот неодамна отворен блог, Чарлс Лонсдејл, британскиот амбасадор во Ерменија, коментираше за новостите.

Значи еден скромен фестиван на азербејџански филмови мораше да се откаже бидејќи ниедно место не беше подготвено да биде домаќин, очигледно поради заканите. Ние не бевме вклучени во организирањето на настанот, но јас сум разочаран. Ниту како обично прашање на слобода на изразување и што ова кажува за отвореноста на општеството во Ерменија.

Разбирам дека некои луѓе се фрустрирани, се расправаат, на пример, дека не е можно да се одржи фестивал на ерменски филм во Азербејџан, па така луѓето не би требало да прикажуваат азербејџански филмови овде. Или постои анти-ерменска пропаганда во Азербејџан или Турција, што значи дека овде воопшто не треба да се гледаат филмови (иако овие филмови што требаше да се прикажат тешко се квалификуваа како пропаганда). […]

[…]

[…] Планираниот фестивал требаше да биде еден мал чекор со цел да се поттикнат луѓето на двете страни да размислуваат поинаку, колку и да е тоа тешко.

Иако несогласувајќи се со фестивалот од други причини, и исто така забележувајќи ја улогата кои општествените медиуми ја одиграа во мобилизирањето на онлајн опозиција, Кавказ Едишн исто така беше засегнат.

Еден од негативните стереотипи за Азербејџан и Азербејџанците кои често ги слушам од Ерменците и дека „мнозинството од Азербејџанците се нетолерантни, дека се полни со омраза кон Ерменците и не се подготвени за соработка“. Понатаму, постои позитивен стереотип помеѓу Ерменците за нив самите кои за разлика од Азербејџанците, се „толерантни, со бистар ум и подготвени за соработка“. Врз основа на некои неодамнешни факти, морам да се запрашам за вториов поим.

[…]

Сепак, на крај, ова според мене не е дури ни спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, туку спор за слобода на изразување. Без разлика дали некој од нас се согласува со организаторите или не, тие имаат право да организираат секаков вид на фестивал, во секаков облик во секое време освен ако промовира омраза и насилство, а ова јасно го прави спротивното.[…]

Анзипд исто така го мисли истото.

Цврсто верувам дека уметноста и културата не познаваат граници. Дури иако земјите се наоѓаат во војна. Уметноста и филмовите се најдобриот начин за луѓето да се запознаат подобро, да го скршат мразот, дури или особено во случај на затворени граници. Се разбира, исто така постојат интернет и средби надвор од националните граници.

За мене не претставува проблем ако има луѓе кои протестираат против идејата или фактот за фестивалот. Тоа е нивно право. Но нека го прават (барем на дистанца) на цивилизиран начин, без вовлекување на најнискиот можен именител националистичко/расистичко срање, лични напади и закани кон поединци. Постои строга граница за тоа кога слободата на говор се претвора во нешто што би требало да се земе предвид во рамките на правниот/кривичен законик. Многумина веќе ја минаа таа граница.

Сепак, дури и ако такви ставови постојат на двете страни, има барем неколку што мислат поинаку. Пишувајќи за Кавказ Едишн, Гулара Азимзаде, млада активистка во Азербејџан, се снабдува со примери од азербејџанска музика која и се допаѓа и се согласува со Анзипд дека културата не треба да биде попречена со граници.

Сите ние сакаме музика и филмови. По долгиот ден на работа, за време на работен ден, или кога ни е здодевно дома, ние слушаме музика и барем еднаш неделно гледаме филм. Се верува дека музиката и филмовите се духовна храна-забораваме на стресот, не развеселува, а понекогаш и растажува. Сакаме дури да слушаме песни кои не секогаш ги разбираме, се додека звучат пријатно, не е важно на кој јазик се. Но, понекогаш, во некои околности ова не мора да е случај…

[…]

Би претставувало морален криминал ако се негира и жртвува нивната вредна работа поради војна и конфликт. Понатаму, верувам дека е погрешно да се дискриминира креативната работа според расата, полот или народот. Тие припаѓаат на човештвото, на светот и на уметноста.

Спек иронично, во соседна Грузија, етничките Ерменци и Азербејџанци имаат мирен соживот во Тбилиси и регионот. Во друг гостински пост за мојот проект, Читач во Баку раскажува за недамнешно патување до главниот град на Грузија [АН/РУ], посетувајќи локации каде што културата и пријателството навистина се споделуваат.

Стариот дел на градот. Прилично изморен одејќи наоколу, времето е студено. Една шолја чај добро би ми дошла сега. Забележуваме чајџилница на една улица и решаваме да влеземе. Како што седнувам, слушам неколку луѓе како зборуваат на мојот мајчин јазик-азербејџански.

Излегува дека оваа чајџилница припаѓа на етнички Азербејџанци. Сепак, повремено, јазикот на разговорот преку масата полека преоѓа во друг јазик. Не е руски, ниту грузиски…

Гледајќи го моето збунето лице, еден од нив ме поздравува на азербејџански јазик и како што секогаш чувствува човек топлина за да се втрча кон своите сонародници во странска држава, без двоумење го поместувам својот стол поблиску до неговата маса

Тој 10 години живее во Тбилиси, а само две минути подоцна ме носи на патување на кое ретко одам. Јужен Кавказ, регион истакнат на картата си своите интересни стрмни граници, изгледа како да седи на мала квадратна маса.

Всушност, тој не е мој другар сонародник и покрај тоа што зборува азербејџански подобро од мене. Неговото име е Алберт и тој е етнички Ерменец.

Тој исто така пее народни песни на азербејџански јазик од легендарниот ерменски трубадур Сајат Нова и рецитира поеми од големиот азербејџански поет Самад Вургун. Алберт исто така има големо семејство со неговата сопруга, Азербејџанка и сон-да ја премине границата на Азербејџан.

Ме запознава со својот најдобар пријател кој седи до него на масата.

Неговото име е Рамиз, 74 годишен етнички азербејџански пејач кој што пее ерменски песни. Го замолувам да запее малку за мене,н о тој учтиво одбива,в елејќи дека имал загуба во семејството. Неговата сакана сопруга неодамна починала.Таа била Ерменка.

Музичките пријатели меќусебно се „бореа“ со песна за своите прекрасни култури, фасцинирајќи не со сличностите кои што ги поврзуваат и размислувајќи за залудноста на играта која што е конфликтот помеѓу двете земји…

[…]

Кога само би можел цел Кавказ да биде ваков, хармониски и синхрониски. А зошто да не? Со поклопување во кујната, културата, менталитетот и човечките емоции кои не поврзуваат, дали е толку многу погрешно да се бара мирен соживот?

Марин Ејуријан исто така пишува гостински пост, истражувајќи примери од заедничка култура низ историјата, но денес заборевана од многумина. Ерменскио студент доаѓа до заклучок дека е време луѓето од двете страни да го сфатат ова.

Трагично, многу години војна, непријателство и негативна пропаганда доведоа до моменталните перципирања на „друг“ во секое од нашите општества. Без сомнение, сега е време да се прекинат стереотипите кои што Ерменците и Азербејџанците ги имаат едни за други.

Идејата дека Ерменците и Азербејџанците се „етнички неусогласиви“ е секако само чиста заблуда.

Порано живеевме заеднички во мир и сеуште е така на неутрални територии што значи дека можеме исто и овде – во Ерменија, Азербејџан и Нагорно-Карабак. Сепак, прво што треба да направиме е да ги прекинеме пропагандните војни на двете страни.

Исто така ни треба и време.

Време потребно за двете општества да научат повторно да живеат мирно и заедно.

Меѓу другото, на истата тема, повеќето од гостинските постови напишани за мојот проект сега се достапни во форма на електронска книга слободно достапна за симнување или читање онлајн. Накоро ќе биде достапен и руски превод. Во меќувреме, Глобал Воисес ќе продолжи да го надгледува развојот на употребата на новите општестени медиуми во конфликтот помеќу Ерменија и Азербејџан. Специјална страна за пренос е достапна овде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.