Мексико: Чистач на кондури го користи YouTube за да го подобри бизнисот

Забелешка на уредникот: Фотографија од чистачот на кондури во Монтереј, Мексико, кој се рекламира себеси преку YouTube, е дело на Иса Вилареал и за првпат се појави на блогот Ocho Cuartos [шпански]. Фотографијата е проследена со пост на нејзиниот блог Иса [шпански], каде таа го интервјуира чистачот на кондури за причините за користење на граѓанските медиуми за подобрување на неговиот бизнис. Текстот е превод и објавен со пермисии.

Чистач на кондури

Фотографија од Иса Вилареал. Знакот значи: „Барајте на YouTube или Google: Чистачот на кондури со две четки“

Многу е лесно да се издвои Хуан Луна од другите чистачи на кондури во центарот на Монтереј, Мексико. Неговата локација, која е на пресекот на Ескобедо и Падре Миер, има знак на кој ги повикува минувачите да го побараат неговото видео насловено „Чистачот на кондури со две четки“ на YouTube и на Google.

„Тоа беше моја идеја“, објаснува тој додека услужува еден од неговите клиент. „Идејата беше да се промовирам себеси со цел да допрам до повеќе луѓе. Да се ослободам од стари клиенти.“

Хуан е амбидекстер (еднаква способност за служење и со десната и со левата рака): тој работи со четки во двете раце и на тој начин ги чисти кондурите. Тој се смета себеси за многу вешт и исто така за многу иновативен за начинот на кој работи: тој додава тефлон при полирањето со цел да водата и прашината да не се задржуваат од кондурите. На тој начин, заштитата може да трае 2 недели и тој сепак наплаќа како и останатите.

Во неговото YouTube видео секој може да види како тој ги користи двете четки, како и неговата секојдневна инспирација: фотографија од неговата фамилија. Овој краток клип – во траење од минута – е онлајн веќе 6 месеци и од мај 2008 има привлечено 4 500 посети.

Тој има десетгодишно искуство како чистач на кондури. Пред неколку месеци тој побара спонзор (компанија за свадби во Монтереј) за да го сними и уреди неговото видео за неговиот штанд во центарот на градот, каде тој е лоциран една година.

„Моите клиенти ме охрабруваат бидејќи не постојат други чистачи на кондури со две четки бидејќи јас сум амбидекстер. Ќе направиме и други видеа и не само хумористични како оние на YouTube“, вели Хуан.

„Ми доаѓаат клиенти бидејќи ме виделе на интернет“, објаснува тој на прашањето за влијанието од објавувањето на неговото видео. „Некој ќе го препорача (видеото) или ќе го видат случајно и тие доаѓаат за да ја видат личноста во живо.“

„Најдобриот чистач на кондури во светот!“ е неговиот пропаганден слоган. Тој вели дека е онлајн еднаш или двапати во неделата. Исто така тој го посетува YouTube за да погледне хумористични видеа.

Хуан не е срамежлив кога е потребно да се зборува за неговата стратегија и неговата самодоверба за дигиталните медиуми. „Една од причините (за видеото) е тоа што нема можност да се запознаат сите што се појавуваат на YouTube“, вели тој, „а јас сум единствениот кој може да се види во живо и да се запознае.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.