Јавните библиотеки од земјите во развој и транзиција се повикуваат да аплицираат за грантовите од Програмата на eIFL за иновации на јавни библиотеки (eIFL-PLIP). Поддржаните проектите ќе треба да развијат нови сервиси кои користат информациско-комуникациски технологии (ИКТ) на иновативен начин со цел да се опфатат потребите на децата и младите од нивните заедници. Предлог-проектите треба да бидат во висина до 20 000 долари.
Проектите треба:
- Да имаат иновативен пристап кон адресирање на потребите на младите и децата и
- Користат дигитални технологии на нови и креативни начини и
- Работат во партнерство со владини институции или агенции, граѓански организации или технолошки иноватори.
За повеќе информации посетете ја страницата на EIFL, каде ќе може да прочитате за критериумите за селекција, временската рамка, совети за успешни апликации и друго.
Крајниот рок за аплицирање е 31 јануари, 2014 година.