Кина: Време е за нов разговор за упадите во приватноста

Според Прајваси Интернешонал (Privacy International), листата на ендемични општества кои се наоѓаат под надзор е предводена од Кина, која е следена од Малезија, Русија, Сингапур, Обединетото Кралство, Тајван, Тајланд и САД. Руи Шен, како некој со сеќавања на детство без никаква приватност, поет и академски професор на Поморската Академија во САД,  во натпис на нејзиниот блог, прашува:  Со секоја минута од нашите животи под некаков вид на надзор, не е ли време да дискутираме за упад во приватноста кој оди многу подалеку од параванот на аеродромското обезбедување?

前些天晚上看新闻。一段新闻报道说,美国的各大商店都有专门的摄像机查看每一个顾客,其目的并不是监视他们是否偷东西,而是调查研究他们买东西的习惯。一个商店的女经理用画面解释:“你看,那个顾客,在这个架子前站了十分钟了,这说明他需要帮助。我会派一个售货员去帮助他。摄像机帮助我们提高销售。”记者问:“可是这些摄像机也有别的功能,对不对?”女经理笑着:“那是另外一个问题。”

Пред некој ден ги гледав вестите. Се прикажуваше извештај во кој се велеше дека во сите големи продавници во Америка се поставуваат видео камери кои се наместени за да го следат секој муштерија, не со цел да се фатат тие на кои им потфаќа раката туку за да се истражи однесувањето на потрошувачот.  Управникот на една продавница објасни што се гледа на екраните: “Го гледате овој муштерија, тој стои пред рафтот веќе десет минути, очигледно му треба некаква помош. Видео камерата ни помага да ја подобриме нашата продажба. Веднаш ќе испратам некого таму. „ Новинарот праша: “но овие камери имаат и друга употреба, нели?„ Управникот се насмевна: “Добро, тоа е друго прашање.„

新闻播出后,就是几个人的讨论。大家都对各处的摄像机感到不满,可是这种不满已经很多年了,摄像机是越来越多,而不是越来越少。我们没有隐私,我们就是在家里做爱,天上的卫星也能看见我们。是的,过去是共产主义时代,我们不能在家里没结婚就做爱,不能在家里反党,因为隔墙有耳,会有人报告到街道居民委员会去说我们没有做爱证书或是反革命分子。

По вестите следуваше дебата помеѓу неколку луѓе. На никој од нив не им се допаѓаше големата присутност на камерите и така се чувствувале со години, но сепак бројот на камерите продолжува да расте наместо да опаѓа. Немаме никаква приватност, кога водиме љубов дома, свемирските сателити можат да не видат. Како во времето на комунизмот, кога не можевме да имаме секс дома ако не сме мажени, или да зборуваме против Партијата дома, бидејќи и ѕидовите имаа уши, па така некој би не наклеветил на локалниот месен комитет дека сме имале секс без дозвола или дека сме биле контрареволуционери.

Од Хуанг Шуаи до климата на изложеност во седумдесеттите и видот на изложеност за кој треба да бидеме загрижени сега:

现在我们大概不必需要揭发了,因为我们生活在一个时刻被监视的时代。摄像机冷冷的眼睛时刻盯着我们,观察着我们的一举一动。在新科技的引领下,我们走向一个时刻暴露的新纪元。基于对这个伟大时代的恐惧,我至今还没敢上Facebook,也不打算上去。刚刚阅读的文章说,facebook 的信息被卖给广告公司,我的生活虽然没有什么秘密,但是我对自己的信息被买卖感到不自在。基于这些原因,我不上新浪留言,不上搜狐留言,不上微博发言,不上很多网站。

Нема голема потреба да се разоткрие некој во ова доба на постојан надзор. Со нивните студени очи, камерите постојано зјапаат во нас, следејќи го секој наш чекор. Водени од новите технологии, влегуваме во ера во која секој момент ќе биде соголен. Од страв од овие големи времиња, сѐ до денес не се осмелувам да се вклучам на Фејсбук, а и не планирам. Со тоа што ја прочитав статијата за тоа како Фејсбук ги продава податоците од корисниците на рекламните компании, и покрај тоа што немам тајни во животот, не се чувствувам убаво кога моите информации се купувани и продавани. Поради таа причина не оставам коментари на Сина или Соху, за тоа зошто не водам микроблог и зошто не посетувам многу веб локации.

其实我知道自己的做法只是一种自我欺骗,因为摄像机已经无所不在。这些天美国的媒体在争论飞机场安检问题。一些人对飞机场的能看到人体的安检措施不满,认为是侵害了他们的隐私。我看新闻中的争论,想,这些人是糊涂还是愚蠢?如果你在家上网,买东西,你的信息已经被暴露了。你的身体还有什么隐私?走过X光机,你担心你的隐私会被暴露?你的隐私无非是你身体的形状你的什么器官的样子,whocares about that? 你的真正的隐私不在这里,而在电脑里,而在你走的大街上,而在你去的每一个地方。你天天上什么网?你的电脑里有记录,有人在做这个调查。你去商店买什么东西?有统计数字分析你的习惯。你跟什么人在一起玩?有摄像机在看着你。生活在时刻被监视的时代,难道我们还有隐私可谈吗?

Всушност, знам дека иако го правам тоа, се залажувам себеси, бидејќи знам дека надзорните камери се присутни насекаде. Пред некое време американските медиуми ги дискутираа проблемите на аеродромското обезбедување. Некои луѓе не се согласуваат со аеродромските безбедносни мерки кои го прикажуваат телото, поради чувството на упад во приватноста. Гледајќи ја дебатата на вестите, се прашувам: Дали овие луѓе се збунети или едноставно глупави?

Ако имаш интернет пристап дома, ако некогаш си купил нешто од интернет, твоите податоци се веќе изложени.  И што мислите, уште колку лична приватност ви останува?  Ако некогаш сте направиле рендгенска снимка, сте биле ли загрижени дека вашата приватност може да биде прекршена? Вашата приватност нема никаква врска со формата на вашето тело, со изгледот на вашите гениталии, зошто на некој би му било гајле за тоа? Вашата вистинска приватност не се наоѓа таму, туку во вашиот компјутер, на улиците по кои одите  и во секое место кое ќе го посетите.

Веб локациите кои ги посетувате? Листа од нив се чува во вашиот компјутер и во овој момент некој ја проучува. Што се случува со предметите кои ги купувате во продавниците? Статистиката на вашите куповни навики се анализира. Луѓето со кои се дружите? Има камера која ве гледа. Во доба во која секоја минута од нашите животи се следи, колку приватност ни останува?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.