И додека Азербејџан се соочува со дополнителни откритија од тајните документи на американските амбасади објавени оваа недела од Викиликс, случувањата на Твитер имаат интересен развој. Поконкретно, само еден ден по не толку охрабрувачките описи од страна на американските дипломати на Илхам Алијев, претседателот на поранешната советска република богата со нафтени резерви, како и на неговата сопруга, се појави корисничка сметка која беше претставена како онаа на првата дама на државата.
Иако автентичноста во времето на пишувањето не е потврдена, сметката на Твитер на Мехрибан Алијева има сличен стил со онаа на официјалната претседателска сметка и исто така, се спомнуваат надежите дека едната од ќерките на Алијев ќе ја продолжи работата на првата дама во областа на исламското образование, научната и културна организација (ISESCO).
Сметам дека е време е да се повлечам од ISESCO. Арзу ќе ја продолжи мојата работа таму.
Нормално, а и особено откако во еден од тајните документи претседателската династија е споредена со измислената фамилија Корлеоне од филмот “Кум„, твитовите на сметката не се многу љубезно настроени кон овие документи.
@TuralAhmedzadeh одговори:
Друг корисник @Azer_Cafarov беше посебно критичен:
нема позначителен развој, само по илјадници граѓани кои си заминуваат секоја година: НЕМА РАБОТА!
Исто така и @leylanajafli не беше импресиониран.
Посакувам @firstladyaze да прекине веќе со с….то. Не поминаа ни 24 часа а мене веќе ми се повраќа.
Сепак, твитовите од оваа сметка непоколебливо продолжија.
Во одговорот @SahileAslanova не изгледаше многу убедена.
Беше направено и индиректно обвинување дека Викиликс можеби намерно цели на Азербејџан.
@TuralAhmedzadeh одговори повторно:
Сепак немаше одговори на сите коментари поставени на сметката на Твитер. Во исто време, некои дури и забележаа дека само се следат официјалните кориснички сметки на претседателот на Азербејџан.
Сепак, тоа не беше вистина, firstladyaze освен двете претседателски сметки, следеше уште две други – Сафура Ализаде, претставничката на минатогодишниот Евросонг, и донекаде изненадувачки мојата лична сметка.
Во меѓувреме, треба уште еднаш да биде забележано дека автентичноста на оваа сметка сѐуштене е потрвдена, некои на Фејсбук сепак се прашуваат дали владите во регионот треба да станат поодговорни и да се обидат да допрат до луѓето.
Времето ќе покаже, но веднаш потоа јас и Сафура Ализаде, бевме отстранети од листата на пријатели.