- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирискиот режим наводно го убил карикатуристот Акрам Раслан

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Хумор, Човекови права

Продолжува неизвесноста [1] околу судбината на сирискиот карикатурист Акрам Раслан, добитник на Наградата за храброст во политичка карикатура за 2013 година, кој беше уапсен во октомври 2012 година од режимот на Асад. Има извештаи дека тој бил убиен од режимот по монтиран судски процес, но и тврдења [2] дека е сè уште жив.

Карикатуристот бил уапсен [3]од сириското воено разузнавање додека бил во редакцијата на владиниот весник Ал-Федаа во Хама, на 2 октомври 2012. Акрам, кој беше добитник на Наградата за храброст во политичка карикатура за 2013 година која ја доделува Меѓународната мрежа за права на карикатуристите (ЦРНИ), наводно [4]  бил однесен на тајно судење без сведоци, без адвокати на одбраната, без право на жалба и без надеж за правда.

Дознавме дека на 26 јули 2013 г. Акрам Раслан и други затвореници на совеста меѓу кои новинари, уметници, пејачи и други интелектуалци биле жртви на таен судски процес без сведоци, без адвокати, без право на жалба и без надеж за правда. Од непотврдените и некомплетни известувања исто така дознавме дека сите биле осудени на доживотен затвор.

StJustAkram [5]

Блоговите за карикатури како Comic box resources blog [6], Cartoon for Peace [7], The CAGLE Post [5] и The Daily Cartoonist [8] исто така ја цитираа веста од ЦРНИ и изразија загриженост за судбината на Акрам. Еден од коментарите гласеше:

Акрам, ти и твоето семејство сте во нашите молитви… Асад, ти и тие као тебе сте…. !@#$%^&*

1379962_219612541495751_360976758_n [9]

На 18 октомври 2013 г. Redac_MM напиша пост [10] насловен „Храбар карикатурист е убиен од сирискиот режим“

Со жалење пишувам дека Мрежата за права на карикатуристите извести дека сирискиот карикатурист Акрам Раслан е погубен од сирискиот режим по монтиран процес.

Потоа Сирискиот набљудувач (анг. Syrian Observer [11]) цитираше посилна порака: „Овде има змејови: Во Сирија е убиен Акрам Раслан“ (прим. прев.: изразот „овде има змејови“ се користел на стари мапи да означи неистражени територии):

Тираните можеби ќе можат да се борат со критики или востание или дури и обид за атентат со пендреци, куршуми и терор. Но каде да ги насочат цевките на пушките за да ги спречат луѓето да им се смеат? Постои ли поефикасен, помоќен и поефтин начин да им дадеш моќ на луѓето од отстранување на нивните стравови преку храбра карикатура, овозможувајќи им да се изнасмејат низ нивниот страв?

6a014e5f5d3c7c970c01901ca08c33970b-640wi [12]

Една од карикатурите на Акрам која го разбесни режимот на Асад. Извор: Блогот Cartoon Movement. Објавена под CC BY 2.0

На Твитер, Риме Алаф [13] напиша:

Алисар Ирам покажа [16] солидарност на Фејсбук:

Акрам Раслан, мртов или жив, те помниме и те цениме.

Сирискиот набљудувач [11] заклучи со жалење и надеж:

Жалам што не можев да посегнам во дупката и да те извлечам Акрам. Те молам прости ми. Можеби твојата жртва ќе нè мотивира повторно да се погледнеме во огледало и да прашаме кога ја преминуваме линијата помеѓу стравот и храброста. И ќе нè предизвика, повторно, да го направиме првиот чекор.