Унгарија: Коментари за претстојните промени во системот за пензиски фондови

Неодамна, унгарскиот парламент прифати предлог кој овозможува таксите кои се плаќаат во приватните пензиски фондови да се префрлат на државнот фонд за пензиско осигурување за период од 14 месеци (помеѓу 1 ноември 2010 и 31 декември 2011 година). Гјорги Матолкси (György Matolcsy), Министер за државна економија, изјави (унгарски) дека на државата и требаат 30 милиони унгарски форинти месечно за да го задржи својот дефицит на 3.8%.

Ако предлогот се усвои на конечното гласање на 13 декември, членовите на приватните пензиски фондови треба да се изјаснат дали ќе сакаат да ги заменат нивните сметки со оние водени од државниот фонд за пензиско осигурување. Оние кои нема да се изјаснат автоматски ќе бидат префрлени во системот за државен пензиски фонд. А оние пак кои одбрале да останат во приватните фондови ќе го изгубат правото до 70% од нивната пензија, а може да управуваат само со 10% од нивните приватни сметки. Според владеачката партија, Фидеш (Fidesz):

[…] Да се остане во приватниот систем значи дека засегнатите лица автоматски ќе се откажат од 24 проценти на исплата од работодавецот, а ке добијат пензија после нивната сопствена уплата од 10% – изјави Габриела Селмечи (Gabriella Selmeczi). Таа додаде дека придонесот на работодавачот со 24 проценти, соодветно ќе се претвори во данок на сметка. […]

Непшабадсаг (Népszabadság), унгарски весник, објави интервју (унгарски) со г-дин. Матолкси (Matolcsy). Новинарот го праша- Дали некој ќе биде толку луд за после ова да не одбере државна пезија”? Министерот за економија одговори:

[…] Може да биде атрактивно за да се задржи членството, на пример за оние кои мислат дека слободното управување со 10% вреди за тоа и дека тој може да го предаде некому. Дури и ако не постои гаранција од државата за тоа. Во прилог на ова, тој не води грижа за тоа дали ќе нема право на државна пензија од февруари – тој и така не и верува на државата и смета дека такво нешто нема да има во наредните 50 години.Тука се и романтичните членови” на фондовите со емоционални намери, оние кои не примиле огромни приноси – просечниот принос на средствата изнесуваше 0.73% – но тие веруваат дека ќе се случи чудо во иднина и ќе ги добијат истите. Нo оној што размислува рационално, нема да донесе ваква одлука. […]

Золтан Симон од Блумберг (Zoltan Simon of Bloomberg) ги спореди најавените промени во системот за пензиски фондови со примерот во Аргентина од 2001 година. Ева С. Балог (Eva S. Balogh) го заврши нејзиниот пост за приватните пензиски фондови со изјава дека Виктор Орбан (Viktor Orbán), премиерот на Унгарија, ќе запре со овие промени само ако Европската комисија се заангажира малку повеке околу ова. – Бидејќи се чини дека тој ги разбира само истите видови на закани, кои тој ги одредува наспроти неговите предмети”.

Јвизкелети од Мандинер (Jvizkeleti of Mandiner) нагласи (унгарски) дека овој потег прави робови од младите во застареното унгарско општество:

[…] Ајде да ја видиме сликата на современото пензионерско општество! Дали тие се сеќаваат на некој од граѓаните?  Тоа не е нивна вина бидејки тие немале друг избор. Таков беше системот и тоа е се. Тие имале среќа дури да се пензионираат и малку порано и има многу луге кои плаќаат данок, па живеат прилично добро. Приходот по жител на пензионерите денес е повисок отколку на обичените фамилијарни работници. Загарантирано е дека ова нема да се однесува и на нас. Кога ние денешните 20-30 годишни работници ќе дојдеме до таму на 40-50 години  нема ни да го живееме тоа, правото на пензионирање ќе биде многу повисоко (+70)години, а стапката за оние кои плаќаат такса ќе биде многу помала. Многу генерации ќе се пензионираат пред нас и ние треба сами да се снаоѓаме со проблемите. Ние ќе бидеме вистинските робови ако се вратиме во системот за државни фондови. И ќе мора да гласаме за оние кои ветуваат поголеми пензии, а и сигурно ќе го сториме тоа затоа што пензиите ќе бидат премногу мали.[…]

Тој исто така го критикуваше ветувањето на г-дин. Матолкси (Matolcsy) за понатамошната компензација:

[…] Сумата што тогаш ќе ја добиеме од државнот буџет, ако живееме толку долго, нема да биде ни приближна со парите кои сме ги платиле, не дури и со нејзината индексирана вредност. Фактот дека  Матолкси (Matolcsy) се согласува со тоа ‘да не се пресметува’ секој процент од придонесот за пензијата на работникот, што е потполно исто во системот, затоа што единствената работа што е поделена до тогаш ќе бидат парите платени во системот од страна на идните вложувачи. А тоа ќе биде многу малку. Сметковотството за сега не значи ништо за нас затоа што парите се дадени на неактивните граѓани. […]

Кокпанчер (Cockpuncher) на блогот Борнирт (Bornírt) ги замоли неговите читатели (унгарски) да погледнат од другата страна на монетата:

[…] Да не гледаме во ова што претстои, туку да гледаме од друг аспект. Значи до сега државата гарантираше пари за членовите на приватните пезиски фондови. Значи: основачите на приватните пензиски фондови знаеја уште во моментот на основањето (впрочем и пред тоа, се разбира тие беа добро информирани) дека не превземаат никаков ризик. Тие ќе направат се за да им ги земат парите на луѓето. Прашањето е доста едноставно: Aко на фирма која има приход од повеќе милијарди долари и се каже дека треба добро да управува со парите кои се дадени од засегнатите страни, но не е проблем ако не успее затоа што државата гарантира за се, како би реагирала фирмата?

Ви кажувам: Ќе се прават огромни суми на трошоци, така да се каже украдени пари од вложувачите, велејќи дека се големи трошоците за одржување. Потоа ќе купат акции, инвестициски сертификати итн., а од друга страна ќе ги покачат нивните цени. Тоа е користење на парите на вложувачите за да се поддржат другите нејзини претпријатија со неколку милијарди. […]

Досега, Excel листовите (тука и тука, на унгарски) и блог постовите веќе се појавија за да им помогнат на луѓето да пресметаат дали им се исплати да ги заменуваат своите приватни сметки во државни. Страна на Фејсбук (Facebook) (унгарски) собира потписи за петиција против принудувањето на луѓето и разменување на информации за престојните промени.

Петер Даниел (Péter Dániel), адвокат кој стана славен со тоа што подмачка полнето јајце на Манифестот за државна соработка, започна настан на Фејсбук (унгарски) за да ги натера луѓето да стават сина панделка на нивната облека, кола итн. да поднесат  приговор до владите на Orban и штетната анти-демократска и демагогиско насилна граѓанска заедница на Унгарија – Фидез и за ограничувањето на Уставниот суд и на слободата на печатот. (Наскоро ќе се додадат и повеќе постови)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.