- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Србија: Фејсбук група на српските националисти

Категории: Источна и Централна Европа, Босна и Херцеговина, Србија, Војни и конфликти, Дигитален активизам, Етничка припадност и раса, Историја, Меѓународни односи, Политика, Протест, Слобода на говор, Технологија, Човекови права

Nož, Žica, Srebrenica! (Нож, Жица, Сребреница!) е еден од омилените слогани на српските националисти и алудира на масакрот во Сребреница [1] во 1995 година.

Пред некое време, се појави Фејсбук група [2] (српски) со истото име, која има 1 045 членови – како и против група [3] (српски, англиски), чии 10 584 членови се обраќаат до администраторите на Фејсбук да ја затворат групата Нож, Жица, Сребреница!, бидејќи таа „го величи геноцидот кој се случи во Сребреница, каде 8 000 момчиња и мажи беа убиени“:

[…]Оваа група шири омраза до сите муслимани со својот опис „за сите кои ги мразат муслиманите.“[…]

Српскиот блогер Никола Кнежевиќ беше лут и силно реагираше на неговиот блог, линкувајќи до двете Фејсбук групи. Меѓу другите работи, тој напиша [4] (српски):

[…]Нормален човек се срами од работите кои прават еден будала горд. После се… После одвратната слика од Шкорпионите како ликвидираат муслимани, не ми е јасно како некои млади луѓе може да бидат исполнети со толку омраза спрема други луѓе кои се различни од нив…[…]

Блогерот доби повеќе од 270 коментари на овој пост. Следуваат неколку од нив:

Зазито:

Што се однесува до забраната… хммм, не е лоша идеја, но јас не сакам било каков тип на цензура. .. утре ќе реагирате на ист начин доколку некој креира група за промоција на традиционалните вредности… Јас мислам дека е подобро да се стане член на оваа група и да им се објасни на младите луѓе дека она што тие го прават е погрешно…

Вракарац92:

Расизам, хомофобија и било каков вид на омраза, најчесто произлегуваат од непознавање на фактите, како и од стравот од непознати работи.

Пиро001:

Луѓето се незадоволни поради сиромаштијата и несреќата и несигурната иднина и некои будали го злоупотребуваат тоа.