- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хроничарот на македонската Твитер-заедница

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Идеи, Слобода на говор
Igor Bojadziev - @I999y. Courtesy photo.

Игор Бојаџиев, (@I999y). Фотографијата е добиена од Игор.

Игор Бојаџиев, познат на Твитер како Иџи (@i999y [1]), служи како неофицијален хроничар на македонската Твитер-заедница.

Тој редовно објавува интервјуа со истакнати корисници на Твитер и избор на забавни твитови. Досега, има објавено 249 интервјуа [2] и 197 избори [3] на неговиот блог.

Со над 14 илјади следбеници на Твитер, Иџи е и самиот влијателен корисник на социјалните медиуми. На пример, неговиот твит за „зградите во форма на бродови [4]“ креирани во речното корито како дел од контроверзниот [5] проект „Скопје 2014“ [6], има добиено над 625 ретвитови:

За неговите интервјуа тој користи однапред определен формат кој овозможува неговите читатели да добијат портрет на субјектот преку мешавина на општи и специфични прашања. Решивме истиот формат да го употребиме и за ова интервју на Глобал војсис.

Глобал војсис: Име (ник, кој ти го стави)?

Игор Бојаџиев: Нешто морав да турам шо би рекол [8] Штулич [9]: „Док сам као мали дошао у град, морао сам себи дати надимак.“
И као требаше од Игор нешто да биде па испадна Иги Иџи Игац тој со деветките …

ГВ: Опишете се (макс 140 нели)?

ИБ: Тежок човек (на карактер). али испод е душа(памук) шо да ви кажуам. Знам да биам и врло забавен (чак што више на граница до Глупи Август).

ГВ: Зошто си на Твитер?

ИБ: Па… терапија, Здраво јас сум Игор и јас сум ….количар.
Не стварно, прекрасно е тука, со некои твитерџии и се запознав, се дружиме,најдов роднини тука,супер е,ептен
А терапија даааа, твитер ќе те насмее така добро (некои шо викат,упс мочнав)

ГВ: Шо преставува вашиот аватар? (sic)

ИБ: Дирекно сликање у фаца од страна на ќерка ми (со мобилен к750 далечната 2009).

ГВ: Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа? (sic)

ИБ: Балдската, паааа поприлично. Прво бев скептик, гледајќи ја како со телефон у рака се смее, сеа ја бетер сум.

ГВ: Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)? (sic)

ИБ: Здраво угнетени, обесправени, очајни, немажени, неженети, гладни…

ГВ: Каде сте родени?

ИБ: Неготино, и ваљда тука ќе си останам доколку не емигрирам.

ГВ: Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

ИБ: На еден што подалеку, медениот помина.

ГВ: Брак?

ИБ: Прекрасен, еве веќе 15 години. Резултат? Син и ќерка.

ГВ: Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?

ИБ: Тасманиски ѓавол.

Igor near the Ilinden/Macedonium monument in Krushevo.

Игор во близина на споменикот Илинден (Македониум) во Крушево.

Дополнителни прашања:

ГВ: Што те мотивира да ги интервјуираш твитерџиите? Што имаш ти од тоа?

ИБ: Јас немам ништо од сево ова, инаку се роди како идеја со @necovski и е обид за отворање на некои твитерџии. Прашалникот е начин да дознаеме повеќе за твитерџиите кои секој дневно ги сретнуваме на ТЛ. Низ низа на прашања ,обид да дознаеме што повеќе за нив.

ГВ: Три највечатливи (туѓи) твитови?

ИБ:Еве пет:

ГВ: На кој начин твитерџиите може да придонесат за позитивни општествени промени во Македонија?

ИБ: Досега имаше неколку примери каде од твитер тргнале некои акции кои резултирале со конкретни резултати. Твитер како каписла за социјалните мреќи во Македонија, Евровизија, поплави Србија [15], Мартин [16], На точок [17] и други (а можеби и за овие грешам).

ГВ: Дали има интеракција меѓу македонската Твитер-заедница со странските? Колку содржини се преземаат или прелеваат?

ИБ: Многу малку или воопшто,и доколку има тоа се со луѓе кој на некој начин се поврзани со Македонија. Прелевање на информации има во вид на шерување, но и „преведување„ на твитови од странски автори се со цел поголем рејтинг.