Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Девојче од 11 години започнува петиција за оставка на мексиканскиот претседател

Captura de pantalla de la campaña Personas que quieren la renuncia de Peña Nieto en la plataforma Change.org

Скриншот од луѓето кои бараат оставка од Пења Нието кампањата на платформата Change.org.

Политичкиот активизам не е ексклузивно врзан за младите и возрасните. Ова го демонстрира Софија, 11 годишно девојче од Мексико кое одлучи да собира потписи во нејзиното барање за оставка на претседателот на нејзината држава, Енрике Пења Нието. Ова се нејзините причини.

Peña Nieto no le ha respondido como se debe a los familiares de los estudiantes desaparecidos, se fue a China y tiene una casa de 80 millones de pesos.

Пења Нието не реагираше како што требаше кон семејствата на исчезнатите студенти, тој отиде во Кина и тој има куќа која чини 80 милиони пезоси (околу 5.88 милиони долари).

Оваа иницијатива предизвика мноштво позитивни реакции. На пример, некои одлучија да ја потпишат за да покажат на Софија и другите деца во Мексико (како и на возрасните) дека може да имаат подобра држава, и да ги потсетат оние кои раководат дека народот ги ставил таму и народот може и да ги тргне од власт. Мајката на Софија вели:

Yo no tengo idea de cómo se destituye a un presidente. Pero ojalá pueda de verdad llevar esas hojas a alguna parte que ayude a Sofía a sentir que su esfuerzo vale la pena, que lo intentamos a toda costa. Fui incapaz de decirle que no lo hiciera, que era casi imposible. No puedo cortarle las alas. Esta generación viene con fuerza, con fe y determinación, y con un concepto de lo que es decente y justo que ya quisieran muchos para un fin de semana.

Јас не знам како се разрешува претседател. Но, се надевам дека некој ќе ги однесе овие потписи некаде и Софија ќе почувствува дека нејзините напори се исплателе, дека се обидовме по секоја цена. Не можев да и кажам да не го прави тоа бидејќи е речиси невозможно. Не можев да и ги пресечам крилјата. Оваа генерација е силна, и полна со верба и одлучност, и со концепт за тоа што е пристојно, нешто што многумина го бараат за викенд.

Петицијата беше поставена на платформата Change.org и веќе има 10.500 потписи во моментот на пишувањето на овој пост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.