- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Глобал војсис“ наполни 15 години!

Категории: Граѓански медиуми

Декември 2004 година. Требаше да сте студент за да користите „Фејсбук“, „Твитер“ не ни постоеше, а троловите главно живееја под мостови и во бајки. Телефоните ни беа глупави, за протекување се викаше водоводџија и имаше работи кои не се продаваа на „Амазон“. Постоеше разновидност на независни новински сајтови, блогирањето беше во полн ек и ние всушност зборувавме едни со други преку Интернет. И се роди „Глобал војсис“.

Славиме 15 години постоење! Во кучешки години, тоа се 110 [1]. Во Интернетски години, речиси милениум.

Сакаме да се заблагодариме на нашата извонредна глобална заедница од преведувачи и автори како и на нашите верни читатели и поддржувачи кои даваат сила и енергија на „Глобал војсис“ да издржи. Од 2004 година наваму, едни од најголемите стории беа создадени токму со наша помош. Имаме објавено повеќе од 100.000 написи, создадовме рубрики посветени на оснажувањето на локалните и недоволно застапените заедници да користат дигитални медиуми [2] и на бранењето на човековите права [3], а изградивме и заедница на преведувачи [4] кои работат на повеќе од 51 јазик. „Глобал војсис“ немаше да постои без вас.

Помогнете ни да стигнеме до уште 15. Навистина го мислиме тоа – ни треба вашата помош. Донациите од поединци ни помагаат да ја зачуваме нашата независност и ни помагаат да преземаме ризици за раст и промена. Ве молиме поддржете нè [5] уште денеска!

Донирајте! [5]