Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија: Револуцијата низ делата на Висам Ал Јазаири

Овој напис е дел од специјалната репортажа Протести во Сирија 2011/12.

Сириската револуција инспирираше многу уметници, сликари, писатели, режисери и фотографи. Го разбуди духот на многу иновативни Сиријци кои ги објавуваат нивните дела на интернет.

Како резултат на тоа, постои една неверојатна лепеза на фотографии, слики, песни и поеми кои ги отсликуваат не само борбите и страдањата на народот во Сирија, но и нивната голема надеж и тежнеење кон слободна и демократска земја.

Висам Ал Јазаири е млад сириски графички дизајнер, кој го користеше неговиот блог и Фејсбук страница, за да придонесе на еден негов пацифички начин за револуцијата.

Тој изјави за Глобал Војсес:

I decided to work for the revolution, following the storming of Al Omari Mosque in Daraa in April 2011. I tried to resort to Metaphysics to express my ideas, in order to reach the unconscious mind rather than the traditional and ordinary political design.

Одлучив да работам за револуцијата, следејќи го фантастичниот Ал Омари Моск во Дара во април 2011. Се обидов да се осврнам на метафизиката за да ги изразам моите идеи, со цел да допрам до несвесниот ум оставајќи го настрана традиционалното и обичните политички концепти.

Активизмот на Висам не е лесна мисија. Тој примил неколку закани и го бараат од сирискиот режим. Во моментот, тој отседнува на анонимно место, додека неговите родители избегале од Сирија поради нивна безбедност.

Подолу е прикажан дел од неговите дела, сите прикачени со негова дозвола и можат да се видат на неговата Фејсбук страница или на неговиот веб-сајт.

Револуцијата е жена, па ослободи се себеси

Леб и Човечко суштество во земјата на смртта

Во сеќавање на Гајат Матар

Танчери осудени од диктатор

Слобода за сите сириски уметници

Трудот на слободата

Револуцијата е конфликт меѓу минатото и иднината

Реквием за еден сон

o

Животот не запира

Последната желба

Овој напис е дел од специјалната репортажа Протести во Сирија 2011/12.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.