Видео: Да ги посетиме пазарите низ светот

Пазарите се толку колоритни, бучни и полни со живот насекаде во светот. Придружете ни се – низ видеа и слики – на посета низ пазарите во Ел Салвадор, Мексико, Индија, Индонезија и Тајланд.

По гледање на видеото за пазарот Санта Текла во Ел Салвадор, прикачено од РокаКристо, varistojamonbanua ги кажа сличностите помеѓу овој пазар и пазарите во неговото место на живеење:

…јас сум од Манила, ми се допаѓа видеото, изгледа како да се наоѓате на филипинскиот воден пазар. Зеленчукот, овошјето, слаткиот компир и малите кружни овошки кои ги нарекуваме сенегуелас овде на Филипините, можеме да ги сретнеме за време на летото. Го обожавам ова видео

Во Индонезија, трампање и продавање се случува на пловниот пазар Лок Ба Интан во Јужно Борнео.

Boats in the floating Indonesia maket of Lok Baintan

Луѓе од околните села пристигнуваат околу 5 и 8 часот наутро на речниот пазар Лок Баинтан кој се наоѓа во близина на рударскиот град Мартсапура во Јужно Борнео, Индонезија. Фотографија на bayuwinata © Demotix (7/14/2012)

MVMTelevisionDigital ги посети пазарите во Оаксака во Мексико. Овој видео клип од една минута, ни ги покажува колоритните места каде клиентите можат да купат облека, накит и храна вклучувајќи ги и регионалните деликатеси како скакулците и црвите или можеби една шоља убаво топло чоколадо?

Овој пазар во Мумбаи, Индија е малку поразличен: наместо овошје и зеленчук, можете да најдете авто-делови, антиквитети, обновувани фрижидери и телевизори за дел од нивната цена. Ова видео од 2007, направено од Парашер, едукативно спознавање на потеклото на името: Еден продавач на гуми, верува дека оригиналното име на пазарот е „Бучен“ пазар (Шор), но за време на британското владеење името беше сменето во пазар на „крадци“ (Чор). Друг продавач пак, вели дека многу лесно може да се најде украдена стока на пазарот, па затоа Чор и не е погрешно име.

Воз поминува низ пазарот Маеклонг во Тајланд осум пати дневно. Продавачите ги повлекуваат нивните тезги и му го расчистуваат патот секој пат кога ќе помине. Ова е можеби вообичаено за локалните жители, но е доста интересно за туристи кои доаѓаат само за да ги видат луѓето како му го расчистуваат патот на возот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.