- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија, Грција: Реакција на пресудата на Меѓународниот суд на правдата

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Грција, Македонија, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика

Блогерот Еффо беше прв што ја коментираше пресудата [1] (пдф, на англиски) со која хашкиот Меѓународен суд на правдата утврди дека грчкото попречување на влегувањето на Македонија во НАТО [2] во 2009 г. претставува прекршување на Привремената спогодба [3] од 1995. Тој бара [4] Македонија да ги прекине преговорите за спорот за името [5], оти смета дека Грција ќе продолжи со „нелогичното“ однесување.