- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Грција: Кампања на Твитер за ослободување на уапсен активист-репортер

Категории: Западна Европа, Грција, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Младина, Протест

Неколку грчки корисници покренаа кампања на Твитер [1] (#freemenacius [2]) со барање да се ослободи еден млад активист кој е уапсен додека известувал за ОмниаТВ [3] од протестите во Атина на третата годишнина од убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос од страна на полицијата [4] (на англиски). @menacius [5] и другите уапсени се обвинети за кривични дела и наводно биле тепани по апсењето [6] (на грчки).